СУГС “Марија Кири Склодовска” и “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ повторно со нови активности во соработка со Општина Аеродром

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје успешно го реализираше проектот Самодоверба, комуникација, мотивација поддржан од Општина Аеродром на кој што дел од учесниците средношколци во четврта година средно образование беа од средното стручно училиште на Град Скопје “Марија Кири Склодовска“ жители на Општина Аеродром.

Ова беше повод СУГС “Марија Кири Склодовска“ и “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ да реализираат меморандум за меѓусебно разбирање и соработка со кој понатаму ќе ги штитат заедничките интереси и ќе соработуваат во неформален едукативен карактер пред се за доедукација на младо население од училиштето, жители на општината.

Во удобноста на средното хемиско училиште разговаравме со директорорт Блерим Небиу и Дарко Спасов како дел од раководниот тим на училиштето, за понатамошните идни активности кои се дел од проектот Зајакнување на самодоверба и мотивација за жртви на семејно насилство, разменивме ставови и мислења за влијанието на глобалната пандемија и Ковид-19 криза како влијателен фактор за семејно насилство во домот и на училиштето.

Верувам дека соработката со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е квалитетен почеток и добар начин да започнеме да ја третираме оваа тема, семејно насилство. Како раководител и родител ценам дека ова е важна активност за СУГС “Марија Кири Склодовска“. Ние работиме за и во интерес на децата. Ќе ги поддржиме сите активности кои ќе придонесат за поквалитетен живот и нивен развој.

Блерим Небиу – директор на СУГС “Марија Кири Склодовска“-Скопје РСМ

Имено по успешната соработка на проектот Самодоверба, комуникација, мотивација ова ќе биде втор проект на кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе соработува во ова средно стручно училиште со поддршка на Општина Аеродром.

Особено ни е драго што за првпат општината започна соработка со ова средно училиште преку ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Ова е прва индиректна соработка на општината со помош на граѓанска организација, Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје која ги штити взаемните интереси. Невладиниот сектор цениме дека е особено важен како мост помеѓу институциите и училиштата, односно граѓаните на општината.

Весна Марковска – координатор за еднакви можности на мажите и жените во Општина Аеродром
СУГС “Марија Кири Склодовска“ – фотографија, ученик Ненад Петровски

Верувам дека ова е уште една одлична можност за соработка на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со основните и средните училишта преку поддржувачка можност од општината. Со овој проект во кој ќе бидат опфатени градинките, основните, средните училишта како и општината ќе се потрудиме да дојдеме до значајни резултати кои ќе бидат патоказ за реалната слика во која се наоѓаме во моментов, на тема семејно насилство. Во овој делумно пост ковид период важно е да добиеме сознанија од сите чинители во општеството. Важноста на квалитетно ментално здравје, благосостојба на децата, учениците, возрасните како и односите во училиштето и семејството се еден од стратешките приоритети на здружението и општината. Сведоци сме за сериозна бројка на лица кои во текот на пандемијата останаа без работа, на работ на егзистенција каде значително се влошија машко женски односи. Скоро секојдневна слика е агресија што допринесе до зголемување на насилно однесување како кај децата така и кај возрасните. Наша цел е преку овој проект да дадеме придонес за подобрување на меѓучовечките односи и во училиштата, населбата и секако во домот на граѓаните кои се жители на територија на Oпштина Аеродром.

Верица Пандилоска Гичева – престедател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“
Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *