Христос се роди-Честит Божиќ!

категорија: Божиќ | 0

Во денови на економска, енергетска, медицинска криза повеќе од неопходна ни е потребата за радост, среќа и верба кон бог. Еден од најголемите христијански празници верувам дека ќе ни придонесе кон барем на миг помислата и желбата дека треба да се почитуваме, сакаме и подаваме рака едни на други.

Во изминатите неполни три години бевме во голем дел физички одделени па некако денешното празнување на Божиќ на сите нас ни е потребно да не зближи, соедини и да донесе топлина во секој дом.

Раѓањето на Христа на ден Божиќ се толкува дека е спас за човечкиот род!

Отец наш. Бог е извор на животот, Творец на сите луѓе и Заштитник на човечкиот род. Тој не сака нас, како што таткото ги сака своите деца. И ние ја повикуваме Неговата божествена помош со вера, надеж и љубов.

ОЧЕ НАШ

Љубовта е давање, среќата е пријателство!

Ни фали смеење, но од задоволство и среќа, не да се смееме на другите, туку да тргнеме од себе и да почнеме да живееме. Да сме помалку песимисти, да не сме тажни…. Долг низ мали едноставни желби ќе ни помогнат да бидеме среќни и задоволни со тоа што го имаме. Да се врземе со ближните, да поделиме време со пријателите, оние кои ни се вистински и на кои сакаме да им го дадеме своето внимание.

Да се обидеме да бидеме среќни, а не несреќни! Тоа значи да сме, здрави, позитивни, оптимисти, да веруваме во себе и во другите. Да бидеме со сите кои што и значат и ги сакаме. Да не замериме самите на себе си, трпението е спасение и мудрост. Да не судиме на никому и да не сме осамени и оттуѓени. Бар малку да ги излечиме своите срца….

Педагогија и психо-терапија да ни е трпението со кое ќе ги слушаме родителите, саканите, ближните и сите што ни значат. Да го поминеме времето со саканите и драгите луѓе кои ни се важни.

Не треба да сме совршени, туку слободни, свои и препознатливи! Да не судиме, на никој. Ниту на времето зад нас. Балансот, хармонијата и автентичноста да ни бидат боја со која ќе се опкружиме со сите кои ги сакаме и ни значат. Насмеани и среќни да влеземе во нова година и ново поглавје од нашите животи!

Да се потсетиме уште еднаш на вистинските вредности преку господовата молитва која е светост за сите христијани. Молитвата Исус Христос ја дал на своите ученици по нивно барање и им рекол да се молат на следниов начин:

Оче наш,

кој си на небесата,

да се свети името твое,

да дојде царството твое,

да биде волјата твоја,

како на небото, така и на земјата.

Лебот наш нас насушен,

дај ни го денес и прости ни ги долговите наши

како ние што им ги проштеваме на нашите должници

и не воведувај не во искушение,

туку избави не од лукавиот.

ХРИСТОВА МОЛИТВА

На сите православни верници, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го честита најголемиот христијански празник, Раѓањето Господово со желби за добро здравје, мир во душата, среќа, радост и благосостојба.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *