ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА РОДИТЕЛСТВО?

Неизмерна љубов, вештини или нешто повеќе … Вчерашното случување во училиштето во Белград дополнително ме натера на длабоко размислување. Денес повторно трагедија каде деца убиваат деца.

Сите знаеме и сме свесни дека за родителство е потребна љубов. Поделба на дневнa доза на искрена емоција која влева во детето сигурност. Внимание кое во детето буди чувство на возвраќање во неговото битие. Сите мислиме дека ова некако се подразбира нели !? Нега, грижа, љубов…

Но, не смееме да заборавиме дека емоциите не се релативна вредност. Се негуваат, како билки, како цвеќе.

Моќта на простување и развивање на толеранција и најважното, тоа е дека секој родител за своето дете е херој супермен, до последен здив, додека е жив. Секој родител дели последна капка љубов кон своите деца. Зошто? Бидејќи единствено чудо кое може да делува во детската душа е чиста љубов.

За квалитетно родителство е потребно да се има високо ниво на внимание, поддршка и емпатија кон детето, да се креира сигурна и стабилна околина, да се обезбеди достапност на основни потреби како храна, облека, кров, медицинска нега и образование, како и да се инвестира во здрав начин на живот и позитивни односи меѓу членовите на семејството.

Која е мерката, каде е границата?

Попустливоста од страна на родителот на еден крај и строгоста на друг крај? Веројатно нема доза, нема мерка во грамови или килограми. Дали строгоста не постои во воспитувањето…..

Како општество децата ги учиме да се плашат, да се двоумат, и да се ограничуваат, додека ние како возрасни својата слабост ја пренесуваме на истите тие деца.

Потребно е да им покажеме пат. Нивен избор е да станат и тргнат по него или да тргнат во спротивен правец, да паднат. Цел на родителот е да ги поддржи кога во себе имаат темнина. Цел на родителот е да помогне кога детето паѓа, да го подигне, духовно и со искрена љубов. Доколку во децата бараме разумни работи, пропратени со логика, практика и покажуваме само вештини има тенденција децата да станат празни души, каде сиромашни и зависни од тронка љубов, ќе немаат можност да ја почуствуваат покрај разумот и логиката.

Критичка свест на децата

Некако навистина тешко е да ги испроцесираме случувања со навреда, булинг и убиства на деца. Сите сме во шок, неверување, барајќи мотиви и причини, од ваква радикална промена на расположение, гнев и агресија на деца од основно училиште.

Дали сме свесни за дисфункционално и социопатско однесување на децата или бидејќи си се наши некако замижуваме и си ги оправдуваме за несоодветни постапки во однос на другите деца со кои се дружат, играат или уште пострашно, од кои се игнорирани, потсмевани и доживуваат од нив класичен булинг.

Дали го минимализираме однесувањето на детето со оправдание дека тоа е во развој, пубертет!?

Веројатно од вакви ситуации деца кои се капацитет во општеството (како ова дете кое било одличен ученик и одело нанатпревари) се случува да во одреден момент истото тоа дете бара мета, во која буквално ќе стрела.

Децата тешко ги контролираат емоциите и своето однесување. Дали сите ние сме свесни за тоа! Кава критичка свест имаат децата? Каков е системот на вредности, како го поминуваат времето!? Повеќе од половина од популацијата на деца се сериозни IT (ај ти) зависници.

Дали ги приметуваме невербалните сигнали, невербална комуникација која ја продуцираат.

Да помислиме сите ние, што работиме со себе си и своите деца. Колку сме реално посветени на децата во удобноста на сопствените домови. Кави содржини им даваме да читаат, дали воопшто знаеме со што се едуцираат затворени во своите соби додека го минуваат времето на социјални медиуми, агресивни видео игри или уште пострашно на dark web страници.

Колку секој од нас работи на лична и семејна ментална хигиена, прашањето е за секој од нас.

Кога почнуваме да се занимаваме со превенција?

Да, прашањето е кога почнуваме да се занимаваме со превенција, вие, јас, заедницата …… на време или по случување на трагедија. Верувам дека ова ќе биде поука и за нас, бидејќи Белград е само 4 часа оддалечен од Скопје, Македонија, многу лесно може да се случи да се рефлектира ова и во нашето општество.

Многу научници се занимаваат со истражување на родителството и влијанието на родителските практики врз детскиот развој и благосостојба. Некои од најпознатите научници во ова поле се: Џон Болуби, Мери Ејнзворт, Дијана Баумринд, Ерик Ериксон и многу други. Докажале дека квалитетното родителство има големо влијание врз детскиот развој и благосостојба, и затоа е важно да се инвестира во подобро разбирање на најдобрите практики и начини на родителство. Ова може да се постигне преку образование на родителите, поддршка од стручни лица и организации, како и преку постојано следење на најновите истражувања и технологии во ова поле.

За квалитетно родителство е важно да се има отворен и квалитетен комуникациски однос со детето, да се слушаат неговите потреби и проблеми, да се стимулира креативноста и самодовербата, и да се учествува во неговиот развој и образование.

“Социо-емоционален развој на деца„ – ВПГ2022

Квалитетното родителство може да има долготраен ефект врз психичкото и физичкото здравје на детето, како и врз неговите социјални и емотивни вештини, што може да им помогне да имаат успешна и задоволна кариера и личен живот во иднина.

Како ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, изминатите седум години работевме со илјадници луѓе на теми за самодоверба, мотивација, невербална комуникација, социо-емоционален развој на деца, говорот на телото, емоционална интелигенција и ментално здравје на деца, средношколци, студенти/младинци и возрасна категорија на население.

Ќе препорачаме дека е потребен систем, државна стратегија кој се бави со менталното здравје. Доколку некој има проблем, да му се помогне од страна на обучени професионалци кои ќе делуваат соодветно. Комплетна поддршка од тим на психолози и психијатри. Потребна ни е итна долгорочна инвестиција во превенција и промовирање на позитивните вредности. Превенција е првиот чекор кој треба да го превземеме.

Да направиме стратегија и план превземање на нови и итни мерки за да сите родители си чувствуваат сигурно. Да ја подигнеме сигурноста на повисоко ниво и да го намалиме меѓуврсничкото насилство во училиштата. Да не се тепаат децата кои се послаби физички и да нема терористички напади, акти каде повторно деца убиваат деца. На никој од нас не му е сеедно. Затоа, да се потрудиме да го намалиме ова зло и да ја подобриме психолошката заштита бидејќи тоа сме должни да го направиме за доброто на децата, родителите, државата, општеството.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Автор на фотографии: А. Цикарска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *