Што ни ги заробува душите

Моето денешно обраќање се онесува на фактичката состојба во заедницата и става акцент на социјалните и етички аспекти за кои денес ќе зборувам и ќе ги разгледам.

Прво што денес помислив откако го изгледав дневникот, беше истражување на различните начини на кои луѓето ја злоупотребуваат својата власт, било тоа преку корупција, насилство или други методи кои ја загрозуваат безбедноста и слободата на другите.

Тоа некако ме насочи на економската нееднаквост и финансиската експлоатација. Дали некој механизам во општествово вистински се бави со темата на нееднаквост и начините на кои богатите стануваат подобри, додека сиромашните остануваат со сè помалку можност за напредок. Веднаш тоа ме насочи кон камати, заеми, и како луѓето завршуваат во замката на финансиската експлоатација.

Photo by Timon Studler on Unsplash

Полека но сигурно дојде времето на нечесните луѓе, на зло и недостоинствено плашење и колапс. На сите ни е некако јасно, но сепак не сакаме да прифатиме дека владее потплатување, убивање, андерграунд. Додека од другата страна, луѓето интензивно зборуваат и редат слики од атрактивни одмори, додека пак некои други луѓе немаат ни леб да јадат, се на работ на егзистенција. Фала богу што е лето па нема да смрзнат без огрев и струја.

Дали сме ние отпадно потрошувачко општество!?

Се обидов да ја разгледам темата. И повторно од толку читање сè и сешто заклучокот ми е ист. Потрошувачкото општество и комерцијалниот менталитет заробуваат души и ги поддржуваат нечесните практики. Зборувам сега за декадентноста и манекенските идеали што го одредуваат нашето општество.

Се потрудив да истражам, како потрошувачкото општество се развива и како се промени денешното општество во потрошувачко општество. Историските и културните фактори кои го поддржуваат потрошувачкото општество и неговите вредности се многуобразни и се формираат низ времето.

Да речеме индустриската револуција, развојот на рекламите и маркетингот, консумеризмот и индивидуализмот, раст на градските трговски центри , културата на статус и престиж, глобализацијата и меѓународната трговија. Сите овие фактори го поддржуваат потрошувачкото општество и ја формираат културата на потрошување и индивидуализмот која го дефинира нашево современо општество.

Од психолошки аспект гледано, мене ми изгледа дека имаме премногу искуства на луѓе кои биле жртви на различни форми на експлоатација. Различните форми на психичка експлоатација можат да бидат деструктивни и оставаат долготрајни последици врз секоја идивидуа. Секојдневно сме сведоци за такви појави.

Емоционалната интелигенција секој од нас неминовно е потребно да ја развие и да е свесен за своите емоции и потреби. Самосвесноста ни помага да препознаеме кога сме изложени на психичка експлоатација и да си ги дефинираме своите граници.

Photo by Josh Applegate on Unsplash

Зголемената самодоверба и самопочит ни треба на сите за да не не прави нас луѓето мета на постојана психичка експлоатација. Учењето да се почитуваме себеси и да веруваме во своите способности е од суштинска важност за заштита од потенцијални влијателни лица.

За да развиеме критичко мислење потребна е вежба, како и за се останато во животот, праксата е најважна секако и умешноста во анализата на ситуации и информации. Ова ќе ни помогне да препознаеме психичка експлоатација и да одлучиме како да се однесуваме и справиме со неа.

Photo by Josh Applegate on Unsplash

Е сега, за ова е најважно да сме опкружени со луѓе кои ги разбираат и ги поддржуваат нашите потреби. Тоа се доверливи пријатели (ако воопшто имаме такви), партнер/ка или најсигурно за тие што можат да си дозволат, професионални терапевти кои се корисни и можат да помогнат во процесот на излегување од психичката експлоатација.

Психичката експлоатација може да ги зароби нашите умови и да ни ја одземе личноста. За да се справиме со оваа појава, мораме сами да најдеме начин да се повратиме кон нашата внатрешна моќ и сила, да се бориме за себе, да ја градиме нашата самодоверба и да се прифатиме и почитуваме себеси.

John Breeseher

Овој цитат некако ми го нагласи значењето на самосвеста, самодоверба и превземање на контролата врз својот ум и живот. Борбата против психичката експлоатација може да биде тешка, но со свесност, поддршка и самосвест, може да се совлада и врати личната сила и идентитет.

Идеи за промена има многу ама пак од идеа до реализација има исто така уште толку многу. Јас мислам дека личните искуства или одредени иницијативи кои се преземаат во одредени заедници, за да се борат против нечесноста и злоупотребата се најделотворни.

Од економски аспект

За Република Северна Македонија, последиците на долговите на национално ниво можат да имаат значајно влијание врз економијата и стабилноста на државата. Како прв би го вклучила фискалниот дефицит, или попластично кажано разликата меѓу приходите и трошоците на владата. За ова бевме и сеуште сме сведоци дека може да го подигне нивото на инфлација и да ја намали валутата. Сите на свој грб го почувствуваме.

Последователно и очекувано на ова, следеше зголемувањето на каматните стаки каде големите долгови не доведоа до зголемување на каматните стапки, што го усложни повлекувањето на нови заеми и придонесе за дополнителни заеми и задолжувања.

Photo by Mathieu Stern on Unsplash

Влијанието на инвестициите укажува на тоа дека големите долгови создадат незадоволство кај инвеститорите и ја намалуваат довербата во економијата на државата. Ова може да го отежне привлекувањето на нови инвестиции и да го намали економскиот раст на земјата. А ова никој од нас не го посакува, нели.

Некако не демне од сите страни опасноста од долговен циклус во кој поради плаќањето на камати и главницата, владата се задолжува уште повеќе за да плати постоечките долгови. Ова може да стане неодржливо и да остави државата во долгорочна несигурност. Длабоко сме заглавени во “трката на стаорци“.

Значајна количина на државни средства е резервирана за плаќање на долгови и камати, ова може да ги ограничи средствата што се достапни за други потреби, како што се инфраструктура, здравство, образование и други области.

Photo by Evan Dennis on Unsplash

Дали нешто се измени?

Системот, државата чека, не оди никаде, седи, гледа. Затоа имаме илјадници иселени кои некаде сакаат да се оддалечат. Не дека таму некаде нема камати, туку дека сакаат да се чувствуваат дека повеќе вредат и можат да привредуваат и да имаат некаков нормален живот. Сите тие секако со мислите пак ќе бидат во татковината но барем ќе можат леб да јадат.

Ништо не се измени, само се полека и сигурно станува полошо. Долгови, долгови и само долгови. Не ни имаме претстава колку луѓето се задолжуваат. Маѓепсани се во кругот и системот на големи каматни структури. Од аспект на поединецот, причината е јасна. Не може никој со 300 евра плата да ја надополни картичката со 500 евра, јасно нели. Системот на задолжување и камати сруши се.

Photo by Christine Roy on Unsplash

Долговите на национално ниво можат да создадат долгорочни предизвици за владата и граѓаните. Особено ако државата не управува со долгот одговорно и не применува ефикасни мерки за справување со него, може да се стекнат услови за нестабилност и непредвидени последици врз економијата и општеството во целост.

Селанец имал две семки. Си ги закопал во земја, едната се плашела да оди нагоре и инфериорно се повлекувала во темнина. Втората семка почнала да оди нагоре, излегла над земјата, направила корени, израснала и се проширила во раскошно дрво. Поентата беше дека девеесет проценти ни е потребна храброст додека десетте проценти ни се ризик.

Photo by micheile henderson on Unsplash

За да се избегнат долгорочните предизвици, владата треба да има одговорна и одржлива финансиска политика. Треба да се промовира финансиска писменост и одговорно однесување кон заемите, развивање на ефикасни мерки за намалување на дефицитот и справување со долговите на одговорен начин. Само така, можеме да создадеме стабилна и одржлива економија што ќе ги поддржи потребите и интересите на граѓаните во долгорочна перспектива.

Како да се ресетираме во кружен тек и систем што ни ги заробува душите

Долгот нема да ни се намали во банките, ниту личен ниту колективен. Системот не гледа како даночен и матичен број, нема име, нема презиме и душа. Тоа се вика темната страна на човечноста, за која имав можност да учам од мојот долгогодишен ментор. Осамени луѓе без светлина, немаат душа, заробена им е со синџири, нема комодитет. Алчност без добри луѓе наоколу, блокирани чувства. Што ни треба на сите. Христијански кажано смирение и спокој. Во исламот за ова имаат соодветен збор, се вика сабор, разумно, смирение, трпение, полека.

Photo by Mohamed Nohassi on Unsplash

Оптимизам и верба ни треба во работи кои ги учевме во едно друго време. Од денешна гледна точка, модерно ако се изразам би било хакирање на нашиот мозок, ум со самодоверба, разум и верба. Мозокот е орган, не умее да разграничи што е добро, а што е лошо. Тој е седумдесет проценти во течна агрегатна состојба. Хемија произведува, адреналин. Ничија возбуда или нечие лошо чувство нема ништо да промени во вселената. Ако сме среќни, нема да падне дожд, не, ништо нема да се смени.

ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО – Проф. д-р Зендел Абедин Шехи

Можеби смешно ќе ви звучи, некаде прочитав, кога би можеле кучињата да се молат на бога, од небото нон стоп би паѓале коски.

Чувствата се релативна работа, се менуваат со шесте карти на емоции, во нано секунди, не во часови, нема таква хемија што трае, поминува и паѓа. За нив пишуваше мојот ментор во ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО а и јас потоа го наследив па некако се надополнив во книгата за НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА.

Што треба да си имаме на ум. Хормон на љубов, окситоцин и хормон на среќа, серотонин, ги немаме во секојдневните наши животи, а неизмерно ни се потребни.

НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА – Верица П. Гичева

Во нашата лична и би рекла колективна комфорна зона постои ограничен начин на мислење и размислување, на чувство и перцепција. Се повеќе постојат чувства и мисли на избегнување на реалноста и потклекнување на пороци. Владее пореметување на човечкиот фактор каде се застапени карактеристики на нездрави луѓе. Класичен гео инжинеринг, пореметување на време DARPA играње со временски циклуси каде имаме нагли плус четириесет и пет, би го нарекла шпорет ефект и тенденцијата да ги снема од планета земја осум милијарди луѓе. Најави за блокади од месец Септември, па за Marburg  (MVD) како десет пати поопасен вирус, па згора на тоа и забрана на фармерство, земјоделие, подготвување храна, јадење штурци и што уште не… Човек да се уплаши што воопшто живее.

Да запаметиме сите ние дека сме пред се духовни битија. Материјалното е релативно. Не е потребно да сме манипулатори.

Photo by Greg Rakozy on Unsplash

Ова се комлексни и предизвикувачки теми. Ја само ја изразив загриженост и притисокот што луѓето можат да го извлечат од современата ситуација и предизвиците пред кои стоиме како општество. Очигледно е дека постојат различни чинители и динамики кои влијаат на човечката свест и нашите односи со околината.

Постои потребата за отворени и креативни начини на размислување и преглед на реалноста, а можностите за стимулирање на критичкото размислување и препознавањето на потенцијални негативни влијанија од различни фактори може да се истакнат како препораки.

Photo by Sanjeevan SatheesKumar on Unsplash

Статијава сакав да ја насочам кон подигнување на свеста и разгледување на различните аспекти на оваа ситуација, или народски кажано дереџе на кое сме. Се потрудив да бидам објективна, креативна и отворена за дискусии. Ова е мој мал личен придонес во поттикнувањето на размислување и опсегот на темите кои денес некако ми беа на дневен ред. Поентата беше, сите ние со нашата ангажираност, да бидеме промотори на квалитетни промени и подобрување на севкупната ситуација во општеството. Сечиј глас е важен. Можеби овој текст ќе има влијание и ќе инспирира некого да разгледа и размисли за проблемите и предизвиците со кои се соочува заедницата.

Photo by frank mckenna on Unsplash

Моето ангажирање и осознавање на предизвиците што ги изнесов, дај боже да се претворат во инспирација за други луѓе кои ќе дејствуваат за подобрување на општеството. Како заклучок би напоменала на сите вие кои ќе го читате ова четиво, дека, промените можат да се постигнат со заеднички напор и активно учество.

Во светот околу нас, сите ние посакуваме успех и задоволство, затоа, нека ова биде инспирација за некого за вклучување во разговор и борбата за подобрување на општеството. Сакам да верувам дека оваа статија ќе допре барем малку до некого и ќе има значителен придонес за сензибилизирање на луѓето за овој проблем.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *