ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА

КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ И ЗАДОВОЛНИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДЕНОВИ

ЕУ Институт Скопје во соработка со Медицинскиот Факултет во Скопје, има чест и задоволство да објави јавен повик на кој може да се пријават сите заинтересирани студенти од Медицински факултет.

Со оваа блог објава, ги известуваме сите студенти по медицина дека може да се пријават на бесплатното едукативно предавање на тема: КАКО ДА ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ И ЗАДОВОЛНИ ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДЕНОВИ.

Менталното Здравје на Младите Студенти секогаш е во фокус на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Ова предавање го организираме со цел да се зголеми свеста и разбирањето за менталното здравје кај младите студенти, воедно да дадеме поддршка кон тајната на вашиот успех во текот на студирањето.

За да се приклучите на предавањето и да го пополните анкетниот прашалник, ве молиме кликнете на следниот линк за пријава: тука

Датум и Време: Предавањето ќе се одржи на ден Вторник, 21ти Ноември 2023 година, со почеток во 17 часот.

Локација: Амфитеатар Деканат, Медицинскиот Факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“-Скопје, лоциран на ул. 50 Дивизија  бр.6,1000 Скопје, РС Македонија

Организатор: Ова предавање е организирано од страна на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со Медицинскиот Факултет – Скопје

Кој може да учествува: Сите студенти на Медицински Факутет

Цел на Предавањето: Предавањето има за цел да ги освести и обучи младите студенти на Медицинскиот Факултет за значењето на менталното здравје и начините, предлози, како да се грижат за него, истовремено ќе се понудат техники и алатки за справување со стресот и предизвиците што ги носи студентскиот живот.

Програма: На предавањето ќе бидат обработени теми како менталната здравствена состојба, стресот и како да се справите со него, и начините за поддршка на сопственото ментално здравје.

Ќе се обратат: Проф. д-р Марија Вавлукис – продекан за наука на Медицински Фафуктет, Верица П. Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

РЕГИСТРАЦИЈА: Пријавувањето се врши по електронски пат тука

Рок за пријава: Најдоцна до 19 Ноември 2023

Важна напомена: Сите пријавени учесници, потребно е да пополнат анкетен прашалник најдоцна до 19.11.2023 односно два дена пред започнување на предавањето. Оваа активност е од суштинска важност за понатамошни активности и инцијативи.

Линк до анкетниот прашалник: Тука

Секој студент кој ќе го пополни анкетниот прашалник и ќе присуствува на предавањето добива сертификат за учество!

Овој сертификат не само што го наградува вашето учество туку и ви дава можност да го додадете во вашата академска и професионална биографија. Вашиот придонес не само што ќе има влијание врз вашето сопствено разбирање за менталното здравје, туку и ќе помогне во развивањето на нови обуки и предизвици поврзани со менталното здравје на младите.

Вашите искуства и мислења се критични за нашата истражувачка и образовна иницијатива. Вашите размислувања, и резултати од прашалникот, во иднина ќе прослужат за креирање нови настани и обуки, помагајќи во подобрувањето на грижата за менталното здравје кај младите луѓе.

Ве покануваме да бидете дел од оваа важна иницијатива, да го пополните анкетниот прашалник и да го споделите со вашите колеги. Вашиот глас има значење и сертификатот што го добивате е признание за вашиот придонес во подобрување на менталното здравје на младите студенти.

Ве очекуваме на ова несекојдневно предавање и веруваме дека ќе дадете свој придонес кон подобрување на менталното здравје на младите студенти. Не заборавајте да пополните анкетниот прашалник и да го споделите со вашите колеги!

Линк до анкетниот прашалник: Тука

Можете да ни пишете на: info@euinstitute.eu или за повеќе информации да се обратите на 071 799 108 Амра Ејуп, студент на стоматологија и контакт лице одговорно за овој настан на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје U4FUTURE

Вашето учество и придонес е од голема важност и ќе помогне во подобрувањето на грижата за менталното здравје кај младите луѓе.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *