30 Mај, УД Мирка Гинова, Битола – Oбука “Говорот на Телото“

категорија: Обуки, Работилници | 0

Еднодневно усовршување на кадарот во домовите за студенти и ученици во Битола ! 

На 30 Мај во 12ч. во Државниот ученички дом “Мирка Гинова”, се одржа обука за кадарот на овој ученички дом.

Државниот ученички дом “Мирка Гинова” од Битола под раководство на директорката М-р Елена Спасеновска беше организатор на оваа еднодневна едукација и во соработка со „Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија“ – Скопје реализираше еднодневна работилница за “Говорот на телото“.

На обуката присуствуваа и дел од вработените во Државниот студентски дом “Кочо Рацин”.

ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вклучен е во едукација на персонал на приватни клиники, хотели, обука на студенти, врши едукација на персонал во образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија така и во Европа.

Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за Менаџмент, Право и Дипломатија.

Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.

За работата на ЕУ ИНСТИТУТОТ до сега сведочат преку 1700 лица кои беа дел од нашите обуки и семинари ( во Македонија и Европа ) и 27 одржани интерактивни работилници, едукација и семинари во 2017година.

„Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења. Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра комуникација со децата кои се една од најранливите категории.“ изјави проф. Д-р Зендел Абедин Шехи.

По успешно одржаната промоција на книгата “ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“ која се реализира на крајот од 2017 год. во Битола се реализирани уште три Семинари во Битола од страна на ЕУ Институтот. Ова е уште една соработка на ЕУ институтот со вакви правни субјекти во Битола.

“Професионалното усовршување на кадарот во домовите е од круцијално значење за успешно воспитување, менторирање и правилно насочување на децата. Со самото тоа природно се наметна потребата за едукација на кадарот.“ изјави директорката М-р Елена Спасеновска.

Обуката се одржа во просториите на Државен ученички дом “Мирка Гинова” – Битола

које е опремен со технологија за одржување на ваков вид на едукација. Учесниците имаа можност да се надоградат во своите вештини на управување и комуникација, но и да бидат дел од извонредна атмосфера и дружење.

Во знак на сегашна и понатамошна соработка двете институции потпишаа меморандум за соработка.

Сподели: