31 Mај, Универзитет Св. Апостол Павле, Охрид – Oбука “Говорот на Телото“

категорија: Обуки, Работилници | 0

Еднодневна едукација за студенти во Државниот Универзитет “Св.Апостол Павле“ во Охрид !

На 31 Мај во 11ч. во Државниот Универзитет “Св.Апостол Павле” во Охрид, се одржа обука за студенти на тема “ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“.

Универзитетот “Св.Апостол Павле” од Охрид под раководство на Ректорот Проф.Д-р Нинослав Марина заедно со Декан Проф.Д-р Устијана Речкоска Шикоска во соработка со „Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија“, претставуван од Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи од Скопје, реализираа еднодневна работилница за “Говорот на телото“.

ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вклучен е во едукација на персонал на приватни клиники, хотели, обука на студенти, врши едукација на персонал во образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија така и во Европа.

Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за Менаџмент, Право и Дипломатија.

Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.

За работата на ЕУ ИНСТИТУТОТ до сега сведочат преку 1700 лица кои беа дел од нашите обуки и семинари ( во Македонија и Европа ) и 27 одржани интерактивни работилници, едукација и семинари во 2017година.

„Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења. Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра комуникација со децата кои се една од најранливите категории.“ изјави проф. Д-р Зендел Абедин Шехи.

По успешно одржаната промоција на книгата “ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“ која се реализира на крајот од 2017 год. во Охрид во НУ “Грирог Прличев“ ова е уште една соработка на ЕУ институтот со високообразовна институција во Охрид.

“Професионалното усовршување на студентите Универзитетот “Св.Апостол Павле“ е од круцијално значење за успешно менторирање и правилно насочување на студентите. Со самото тоа природно се наметна потребата за едукација во оваа област говор на тело на истите.“ изјави Проф Д-р Нинослав Марина.

Обуката се одржа во просториите на Универзитетот “Св.Апостол Павле” – Охрид кој е опремен со најсовремена технологија за одржување на ваков вид на едукација. Учесниците на предавањето имаа можност да се надоградат во своите вештини на говор на тело и комуникација, но и да бидат дел од извонредна атмосфера и дружење. Во знак на сегашна и понатамошна соработка двете институции се договорија за потпишување на меморандум за соработка.

Сподели: