2020

Ментална хигиена во услови на Ковид-19 криза и глобана пандемија

2020 година, светот се соочи со глобална пандемија предизвикана од вирусот „Ковид-19“. Мотивирани од ваквите глобални случувања ние како ГО решивме фокусот да го ставимена на унапредувањето на менталното здравје во услови на пандемија и превенција на создавање на одредени ментални заболувања во овие моменти на криза кај популацијата на младо, но и возрасно население.

1 Дел
Ад-хок акција за подобрување на менталното здравје на младите волонтери на Црвен Крст кои работат со сите ранливи категории на граѓани.

  • Јули 2020 година, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје (он лајн)

2 Дел
Помош и поддршка на родители кои имаат деца со попреченост и деца со лесна ментална попреченост за индивидуална работа со децата во домашни услови кои ќе им бидат од корист за подобрување на менталното здравје на децата, анимација и релаксација.

  • Од: Август 2020 година До: проектот е во тек

3 Дел
Ментална поддршка преку вебинари за деца, средношколци, студенти и младинци до 29 години во услови на ковид-19 криза и глобална пандемија.

  • Почеток на реализација Декември 2020 година

КОМУНИКАЦИЈА

Подигнување на комуникациска писменост на населението преку неделни колумни.
Целта на овој проект е поттикнување за развивање на комуникациските вештини. Како со доедукација на оваа тема да бидеме поуспешни и спремни за сето она што не очекува понатаму во животот и работата.
ЕУ ИНСТИТУТ Скопје заедно со ПУБЛИЦИТЕТ.МК – Охрид верува дека ќе ви овозможи доедукација преку ваквиот вид на колумни и поттикнување на желбата и мотивацијата за подобрување и успешност на секој еден од нас.

  • Од: 15 Јули 2020 година До: проектот е во тек

САМОДОВЕРБА 2020

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, еднаш неделно преку објава на статии на оваа тема а со медиска поддршка на Битола News – Битола реализира статии на тема самодоверба како важен дел од животот на секој еден од нас. Како активни чинители во општеството, нашата основна цел е да внесеме дополнителна доза на позитивизам преку креирање на здрава самодоверба и позитина енегија кај сите граѓани.

  • Од: 24 Октомври 2020 година До: проектот е во тек