3та Интернационална Научна Конференција

Ми беше особена чест и задоволство да учествувам на Интернационалната научна конференција “Management challenges in COVID-19 pandemic, professional responsibilities and human rights” во организација на ЕУ Институт Скопје и Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија, во знак на долгогодишната наша соработка, со особен респект и благодарност на прекрасната Г-ѓа Верица Пандилоска-Гичева.
Особено актуелна тема на конференцијата, прекрасно искуство да се биде дел и придонесе со сопствено истражување кон подобро утре, но и да се чујат искуства и истражувања од светски рамки.
Организација и имплементација на највисоко ниво, навистина одлична соработка, како и сите наши досега – честа и задоволството се огромни! Честитам од срце. Посакувам многу успеси во иднина, како и идни заеднички соработки.
Благодарам на поканата, можноста, конференцијата, интервјуто, професионализмот и покажаната чест, драга Верица!

Проф.Д-р Устијана Речкоска-Шикоска
Декан на Факултетот за Компјутерски науки и инжинерство при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” – Охрид, Македонија

Oснови на дигитална писменост

Навистина ми беше драго што бев дел од  вебинарот кој за мене значеше надополнување на знаењето со нови информации од областа на медиумската писменост и усовршување на дигиталните вештини. Поминав неколкучасовно заедничко он – лајн дружење и учење со искусни, професионални и  харизматични предавачи но и колеги -ентузијасти подготвени да се соочуваат со предизвиците на новото време. Честитки за целата организација , со задоволство се пријавувам и за следните модули. Ве замолувам, доколку е можно да ме известите на кој начин да го добијам прирачникот за кој исто така сум заинтересирана.

Катерина Хаџи Илоска Спировска
Професор по математика СУГС Орце Николов Скопје
20 години искуство во сектор образование

Ми беше задоволство што го следев вебинарот организиран од Ваша страна. За мене лично беше прв пат да следам обука на овој начин. Морам да признаам дека уживав а истовремено научив многу работи. Вашето предавање е многу корисно и што е најважно многу разбирливо. За следните 5 модули би сакала да ме регистрирате како учесник.
Исто така би сакала да го добијам и прирачникот КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ. Би ве замолила во иднина преку маил да ме известувате за било какви обуки кои ќе бидат одржани од Ваша страна или со некоја друга инстиуција.

Афердита Лушај
Стручен соработник за поштенски сообраќај
АД Пошта на Р.С.Македонија – Подружница Тетово

Пред се изразувам голема благодарност до вас како раководител на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, но и како предавач на темата заедно со ПЕГАСУС ЕЛС. Бевте прекрасни, детални, јасни и прецизни. Јас лично со големо внимание и задоволство ве следев но и се запишував. Со секој ваш збор ни пренесовте знаење преточено од искуство и со практични примери.
Ве поттикнувам да продолжите и со други обуки кои нас како едукатори ни се добредојдени во сектор образование и тоа не само од оваа област дигитални вештини туку и од други теми и области.
Би сакала да го нарачам прирачникот за КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ да ми го испратите по некоја од брзите пошти. Потребен ми е во ова време за да го искористам за вежбање.
Моите размислувања и искуства од вебинарот за ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ можете слободно да ги објавите.
Се пријавувам и за следните модули од 6-10.
Оваа прилика сакам да ја искористам за да ви се заблагодарам за проектот кој го работите на тема МЕНТАЛНА ХИГИЕНА ВО УСЛОВИ НА КОВИД-19 и сите презентации кои ги правите за давање поддршка и помош за да им помогнеме на родителите кои имаат деца со попреченост и деца со лесна ментална ретардираност.

М-р Светлана Трнинкова
Дипломиран дефектолог, реедукатор, олигофренопедагог
ООУ Ванчо Прке – Штип

Ви благодарам !
Не само што ги исполнивте моите очекувања,
туку и ги надминавте со вашата професионалност.
Навистина многу работи научив и сум ви благодарна за тоа.
Се пријавувам за обука за следните 5 модули.
Само пофални зборови за тимот кој ја реализираше обуката,
би им се заблагодарила за нивната професионалност но и нивната достапност да одговорат на секое мое прашање. Овие обуки им ги препорачувам на сите оние кои сакаат да вложат во себе и да научат повеќе. Ви благодарам многу.
Моето мислење можете слободно да го споделите на вашата страница.

Николина Чадоска
Наставник во ООУ Григор Прличев – Охрид

Во оваа прилика сакам да ја искажам мојата благодарност што имав можност да бидам дел од една прекрасна обука и да запознаам прекрасни луѓе, пред се, големи професионалци!
Благодарам за дигиталниот сертификат и сега за сега немам потреба од печатена форма, благодарам!
Уште еднаш ја потврдувам мојата пријава за следење на следните закажани модули.

Благица Пендевска
Професор по одделенска настава- Кочани

Почитувани,
обуката како и Вие предавачите бевте одлични.
Многу Ви благодарам за споделените знаења!

Биљана Илиевска
Професорка по македонски јазик и литература-Тетово

Задовослство е да се присуствува на вашите обуки. Нудите позитивна атмосфера за работа, професионализам и сериозен пристап кои доведуваат до успешност во учењето на нови нешта. Благодарност до одговорните.

Драгица Стамболиска
Професор во СОУ “Јане Сандански“ – Струмица

Навистина сум задоволна од он-лајн предавањето.
Беше многу добро организирано и пропратено со конкретни примери од страна на предавачите. Научив нови работи кои ќе ги применам со моите ученици и верувам дека часовите ќе им бидат поинтересни.

Флутрије Џила-Ше
Професор по аглиски јазик- Скопје

Почитувани ЕУ ИНСТИТУТ Скопје,
Ги препорачувам обуките на сите модули. Навистина има што да се научи, особено за современите алатки Kahoot, Zoom како и за Блогирање во училница.
Секако благодарност и за препораките за однесување со ученици како и за дрес код…..
Многу ми помогнаа да ги совладам тие препреки.
Благодарност до предавачите Верица П. Гичева и Перо Сарџоски.

Магдалена Бошкоска
Професор по македонски јазик и литература
ОСЕУ “8ми Септември“ – Тетово

Kомуникациски вештини за 4та година средно образовaние 2019

Проектот „Комуникациски вештини“ во соработка со ЕУ Институт Скопје, а поддржан од Град Скопје беше успешно реализиран во нашето училиште.
Искрено се надевам дека ова е само почеток на една плодна соработка со Здружението за образовно-истражувачка дејност ЕУ Институт Скопје што ќе продолжи и во иднина.
Како образовна институција, нам ни е особено важно да ги подготвиме нашите ученици за квалитетен и успешен живот.
Живееме во време на комуникации, време кога секој од нас треба да ја има вистинската информација и да знае како да оствари комуникација со оние на кои таа информација им е важна и потребна. Основен предуслов за успех во животот е познавањето на комуникациските вештини.
Затоа, ми претставува особена чест што нашето училиште беше избрано и вклучено во проектот „Комуникациски вештини“, реализиран од Здружението за образовно-истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, и поддржан од страна на Град Скопје, и што по потпишувањето на Меморандумот за меѓусебно разбирање, поддржување и соработка бевме домаќини на двете работилници Невербална и вербална комуникација.
Посебна благодарност до предавачите Верица Пандиловска Гичева, Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи и Звонко Гичев и кои со нас и со нашите ученици несебично ги споделија своето знаење и искуство во областа на комуникациските вештини.

Александар Сибиновски
Директор
СУГС “Владо Тасевски“ – Скопје, Општина Аеродром

Комуникацијата е неизбежен и секојдневен дел од нашиот живот. Подготвувајќи ги учениците за понатамошен живот многу треба да посветуваме на едукација и развој на соодветни комуникациски вештини кај учениците, доколку сакаме нашите ученици да бидат успешни.
Сметам дека само доколку младите луѓе имаат развиено комуникациски вештини, критичко мислење, креативност и кооперативност успешно можат да функционираат во секојдневното семејно, социјално и професионално живеење.

Токму затоа од непроценлива вредност и значење беше проектот „Комуникациски вештини“ кој нашето училиште го реализираше во соработка со Здружението за образовно-истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Во рамки на овој проект беа реализирани две предавања за невербална и вербална комуникација.
Особена благодарност упатувам до г-ѓа Верица Пандилоска Гичева. Се она што беше кажано на предавањата е преточено и на хартија и изготвен е прирачник „Комуникациски вештини“ кој веќе е дел од нашата училишна библиотека. Овој прирачник ќе служи на сите наши ученици, сегашни и идни, да ги прошируваат и збогатуваат знаењата и вештините на комуницирање.

Александра Цветаноска
Педагог
СУГС “Владо Тасевски“ – Скопје, Општина Аеродром

Сметам дека преку овој проект добивме многу, и учениците и ние, наставниците. Комуникациските вештини се многу битни и потребни денес. Преку предавањата за „Невербална комуникација“ и „Вербална комуникација“ учениците ги проширија своите знаења по однос на ова прашање и се надевам дека истите ќе ги користат во секојдневниот живот.

Дејан Крстевски
Наставник
СУГС “Владо Тасевски“ – Скопје, Општина Аеродром

Задоволство ми беше да присуствувам на овие предавања за невербална и вербална комуникација. Предавањата беа многу интересни и од нив научив многу за невербалната и вербалната комуникација. Сето тоа и ќе го применувам..

Ангела Станчевска
Ученик
СУГС “Владо Тасевски“ – Скопје, Општина Аеродром