Младите на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во акција
Со оглед на тековните општествени состојби во однос на младите, нивните потреби, размислувања, очекувања, и согласно стратегијата за млади која ЕУ ИНСТИТУТ Скопје секоја година се ревидира, во втората половина од 2023 година младите во нашето здружение ќе делуваат искажувајќи ги и справувајќи се со своите секојдневни предизвици и потреби.
Доколку сте млади на возраст од 15 до 29 години и имате идеа, желба, мотив и сакате да се слушне вашиот глас, ова е вистинско место каде ќе добиете можност да направите индивидуална и колективна позитивна промена. Со оглед на економската криза, сите оние млади кои ќе се пријават да бидат дел од активностите на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, ќе имаат можност бесплатно да станат членови на нашата младинска заедница.
Што треба да направите!?
На меил: contact@euinstitute.eu потребно е да ни испратите CV или доколку немате, кратко мотивациско писмо и да пополните пријава на линкот: кликни тука
Како претседател на здружението и би сакала да истакнам дека “U4Future“ како инклузивен клуб, на младите им нуди можност да се вклучат во активности на истоимениот клуб (воедно на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје) и тоа од сите аспекти од своето работење, како едукации, семинари, советувања, кариерен развој, практикантство и волонтерство на проекти, креативни работилници, настани за споделување на искуства на млади, уметност, музички настани и други активности кои се прилагодени на интересите на младите.
Клубот е отворен за соработка со сите млади, без оглед на физички или интелектуални способности, раса, пол или социо-економско потекло. Ќе ви дадеме можност и прилика да се слушне вашиот глас, без оглед на тоа од кој дел на Македонија доаѓате или на која етничка заедница, вероисповест и каква национална определба имате.
Важно е дека сме отворени за соработка и Ве очекуваме да ги слушнеме вашите свежи идеи, предлози за потребите на младите луѓе и размислувања на различни теми, воедно и да ја имплементираме инклузијата во процесот на планирање и одлучување.
Флексибилноста и адаптирањето на промените се клучни аспекти за успешно функционирање на младинскиот клуб во склоп на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Во тој контекст, Димче Миланов, лидерот на “U4Future“ учествуваше на дводневен информативен и едукативен настан кој се одржа во Струмица, а во организација на European Youth Foundation во соработка со Агенција за млади и спорт, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус+), Europe House Strumica и Oпштина Струмица .
Оваа работилница ми овозможи да добијам пошироkо познавање за значењето на Европската младинска фондација и нивните грантови. Научив како да ги користам новите методологии за проекти на U4Future при аплицирање за користење на финансиските можности кои ги нуди фондацијата.
Информативната работилница на Европската младинска фондација за невладини организации беше неверојатно искуство за мене. Преку нив, стекнав многу позитивни впечатоци и нови идеи кои ќе ми помогнат во младинската работа. Имав можност да се поврзам со младинскиот совет на Европа и да ја линкувам својата организација со нив. Оваа соработка ми отвори врати кон поголем број на ресурси и можности за влијание во соодност со нивната мисија. Од друга страна ми помогна да го развијам мојот круг на контакти со кои би можеле да соработуваме во иднина.
Во целост, работилницата на Европската младинска фондација беше незаборавно и важно искуство за мене. Ми донесе нови знаења, инспирација и контакти кои ќе го обогатат мојот работен напор во младинската сфера.
Димче Миланов – Тим Лидер на U4Future на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“
“U4Future“ Ве очекува со позитивна енергија, ваши идеи и размислувања. Заедно да креираме политики за позитивни промени каде младите ќе имаат главен збор. Пријавете се тука и станете дел од семејство на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!
Напишете коментар