Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е граѓанска организација основана во Октомври 2018 година согласно Законот за здруженија и фондации со основна цел за промовирање и развој на европските вредности преку организирање и реализација на истражувачки и едукативни проекти од областа на европските вредности, меѓуетничките односи, човекови права, пазарот на капитал, медиуми и комуникации и други соодветни активности, како семинари, конгреси, тренинзи обуки и сл.

Мисија

Мисија на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е да открие и одговори на секоја потреба и ситуација во општеството преку создавање на институционална промена, подобро граѓанско образование, да потикне граѓански активизам при тоа нудејќи простор за доживотно учење, простор за личен и социјален развој.

Визија

Визија на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е да ги сплоти младите луѓе во партнерство со возрасните активно да учествуваат во социјалните процеси, да превземат лична одговорност за моменталната состојба и секако преку личен раст и развој да придонесат за креирање на подобро општество.

Цел

Цел на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје е промоција и развој на европски вредности и стандарди, развој и развивање на меѓуетничка толеранција и еднаквост, подигнување на свеста на граѓаните во остварување на нивните човекови права, развој и подобрување на економската соработка со земјите од Европската Унија, развој и промовирање на проекти од сферата на медиумите и комуникациите, други цели со кои ќе се придонесе за градење на позитивно јавно мислење во врска со остварувањето на ЕУ аспирациите во Северна Македонија.

Основни начела на делување

Основни начела на делување на здружението се засноваат на независност, јавност, транспарентност, непрофитност, непартиско делување и иницијативи во јавниот живот. Решенијата во статутот се во согласност со решенијата предвидени во Законот за здруженија и фондации.

Делување

Доминантно ниво на делување на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во статутот, стратегиите и други референтни документи е дефинирано како национално.

За повеќе: Статут на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје