Советување со цел поддршка, едукации и поттикнување на позитивно влијание на граѓаните врз општеството и животната средина а насочено кон долгорочниот одржлив развој.

Стоиме на располагање за организирање и реализација на ваков вид проекти или настани.

Човекови права

Република Северна Македонија е земја со нежна и сензибилна демократија која се соочува со многу предизвици. Еден од нив е борбата против семејното и родово базирано насилство. Заштитата на човекови права како и борбата против семејното и родово базирано насилство се основа за социјална трансформација.

Нудиме он-лајн поддршка за подигање на свеста на граѓаните на тема човекови права, женски права, родова еднаквост, зајакнување на самодоверба, мотивација, инспирација и личен раст и развој на граѓаните и специфичните целни групи, потенцијаlни жртви и на жртви на семејно насилство.

Општа цел: Поголема видливост на проблемот родово базирано насилство и подигнување на јавната свест на граѓаните за постоење на различни форми на насилство, со посебен фокус на сите видови одделно ( физичко, психичко, економско, изолација и контрола, прогонство, закана, сексуално и семејно насилство).

Специфична цел: Унапредување на знаење и вештини на граѓаните за родово базирано насилство.

Веруваме дека преку актуелизирање на проблемите кои се однесуваат на овие теми, ќе придонесеме за поголема видливост на истите во општеството.

Кариерен развој

Он-лајн подршка за надминување на дилемите и предизвиците на младите при аплицирање за вработување.

Работилниците се наменети за кариерниот развој на млади (16-29) и истите нудат поддршка на младите во процесот на откривање, создавање и поставување на цврсти темели за нивниот личен развој. Ова се основни, почетни чекори за креирање на кариера на средношколци, студенти и младинци до 29 годишна возраст.

  • Дали сте млад човек кој постојано се прашува во што е добар?
  • Дали се прашувате кои се вашите вредности?
  • Дали се прашувате кои се вашите ограничувања кои ве спречуваат да бидете успешни?
  • Дали се прашувате кои се вашите соништа и цели и уште многу други прашања……

Ошта цел: Зајакнување на капацитетите на младите за нивно интегрирање на пазарот на труд.

Специфична цел: Користење на кариерна програма за информирање и советување на младите која ќе ја користитат за социјална интеграција и активно учество на пазарот на труд.

Нудиме советување и поддршка за совладување на лична евалуација, процес на само(себе)-спознавање преку лични истражувања, за да направите прв чекор во креирање на вашата идна кариера и потенцијална професија. Ќе ви дадеме насоки за совладување на вештини кои се неопходни за да еден млад човек да ја навигира својата идна професија.

Работниот идентитет е клучот на успехот на секој млад човек. Направите план за кариерата која ја посакувате! Осознајте ги вашите таленти, карактеристики, пасии, вредности и способности при избор на вашето работно определување за да видите како овие фактори влијаат врз изборот на вашата потенцијална идна професија.

Ќе ве поддржиме да ги развиете и одржите навиките за успех, да совладате вештини и ставови за да успеете во животот, образованието, кариерата, социјалните активности, волонтерство и самоизразување.

Ќе добиете цврста основа за воспоставување на квалитетна поддршка согласно вашите вредности, интереси, персонални и професионални вештини, се со цел за да бидете конкурентни на пазарот на трудот, да обезбедите вработување и професионално напредување, кое ќе резултира со значаен придонес за вашиот социо-економскиот развој на локално и национално ниво.

Ковид-19 советувања

  • за средношколци, студенти и младинци до 29 години
  • за возрасни над 30+
  • за младите волонтери на Црвен Крст кои работат со сите ранливи категории на граѓани

Финансиски советувања

(креирана спрема водичот за лични финансии “Паметно управување со парите” на НРБМ)

  • за средношколци, студенти и младинци до 29 години
  • за возрасни над 30+

За креирање на јавно мислење на оваа тема пополнете ја анкетата: