Реализиран меморандум за соработка со ЈУДГ “БУБА МАРА“ и ЈУДГ “СРНИЧКА“ – Општина АЕРОДРОМ, Скопје

На 23 Јули 2021 година ЕУ ИНСТИТУТ Скопје реализираше меморандум за соработка со Јавна установа за деца – Детска градинка “БУБА МАРА“ и Јавна установа за деца – Детска градинка “СРНИЧКА“ кои се наоѓаат на територија на Општина АЕРОДРОМ-Скопје, вклучувајќи ги и сите опфатени објекти:

БУБА МАРА

  • БУБА МАРА – управа
  • ПЧЕЛКА 1
  • ПЧЕЛКА 2
  • СОНЦЕ
  • ЛАВЧЕ
  • Центар за ран детски развој “СЛОНЧЕ“ – Долно Лисиче

СРНИЧКА

  • ЧЕКОРЧЕ – управа
  • КАЛИНКА
  • ЦРВЕНКАПА
  • ИЗВОРЧЕ
  • БАМБИ
  • ЛАЛЕ

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ЈУДГ “БУБА МАРА“ и ЈУДГ “СРНИЧКА“ (вклучувајќи ги сите објекти) се договорија да соработуваат во области на заеднички цели и интереси како и во организирање на заеднички семинари, конференции, публикации, проекти и образовни програми кои се од исклучителна важност за граѓанскиот сектор.

Директор, Елена Устиматова ЈУДГ “БУБА МАРА“, Верица Пандилоска Гичева Претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“, Весна Марковска Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените-Општина АЕРОДРОМ

Претседателот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, Верица Пандилоска Гичева, заедно со директорките Елена Устиматова ЈУДГ “БУБА МАРА“ (сите објекти) и Александра Јелиќ Исаиловска ЈУДГ “СРНИЧКА“ (сите објекти) разговараа за иновативни воспитно образовни програми за деца како и за потребата од зајканување на капацитетите на воспитувачите, негователките и стручните соработници на ниво на општината.

Директор, Александра Јелиќ Исаиловска ЈУДГ “СРНИЧКА“ и Верица Пандилоска Гичева Претседател на “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“

Со проектот како целна категорија ќе бидат опфатени воспитно образовниот кадар и стручните соработници во градинките, децата во средна и голема група како и родителите како индиректна целна група.

“Ќе пружиме еднаков третман, во однос на партнерите со кои соработуваме и взаемно ќе ги почитуваме организациските политики и начела на соработување согласно веќе воспоставената пракса која ја имаме како Здружение за образовно истражувачки развој “ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“. Верувам во видливи резултати и одржливост на програмите кои се изготвени во вид на обуки за воспитно образовниот кадар како и за ресурсите за децата во претшколска возраст, средна и голема група во сите градинки на територија на општината.“

Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Средбите и потпишувањето на меморандумите беа реализирани со поддршка на Општина АЕРОДРОМ. На нив присуствуваше претставник од општината, Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените.

“Ова е чекор напред кон реалирање на програми не само на тема ментална хигиена туку и за актуелни останати теми каде што е застапена родова еднаквост, семејно насилство, како поддршка и третирање на останати ранливи категории на граѓани од страна на општината“:

Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените
Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените Општина АЕРОДОРОМ

Проектот за “Ментална хигиена за деца, воспитувачи и родители“ ќе започне да се реализира од Септември оваа година со што значително ќе се делува на социо-емоционалниот развој на децата како и на подобрување на комуникациските вештини, емпатија, сочувство и разбирање помеѓу родителите, децата и воспитувачите.

Текстот е авторски. За споделување на содржината потребно е да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.