Во Општина Гази Баба успешно реализиран проект за социо-емоционален развој на деца

На ден 19 Октомври 2022 година во 19ч. успешно беше реализиран проект за воспитувачи/негуватели, стручни служби и директори кои се дел од тимовите на градинките кои функционираат на територија на Општина Гази Баба.

Во преполната сала за седници на советот на Општина Гази Баба, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го реализираше проектот “Социо-емоционален развој на деца од предучилишна возраст“.

Уште при самиот влез на учесниците почувствувавме позитивни вибрации.

Отварањето на вечерта го направи Филип Петковски, координатор за млади во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје воедно жител на Гази Баба. Тој го најави претседателот на здружението, Верица Пандилоска Гичева која даде вовед и го претстави целиот проект.

Филип Петковски – Координатор за млади ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Како знак на внимание таа врачи благодарници во име на сегашната и понатамошна соработка за донаторот, Општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски, Раководител на сектор Емилија Ѓурчиновска Матевска во Сектор за подршка на градоначалник и јавни дејности како и на директорката на ЈУДГ “25 Мај“ Марина Ангелкова Арсова.

м-р Емилија М. Ѓурчиновска – Раководител на сектор, Сектор за подршка на градоначалник и јавни дејности ОГБ и Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје
Марина Ангелкова Арсова-Директор на ЈУДГ “25 Мај“, Верица Пандилоска Гичева-Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

По воведниот дел претседателката на здружението Верица П. Гичева ја покани раководителката на сектор за поддршка на градоначалник м-р Емилија М. Ѓурчиновска во име на општината да даде осврт на соработката со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и важноста на овој проект за деца, воспитувачи, родители.

м-р Емилија М. Ѓурчиновска – Раководител на сектор, Сектор за подршка на градоначалник и јавни дејности ОГБ

Како општина, благодарни сме на можноста да соработуваме со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и заедно да организираме и одржиме предавања на тема социо-емоционален развој на децата од предучилишна возраст.

Не радува што обуката ги опфати сите негуватели и воспитувачи во двете градинки (со клоновите) на територија на Општина Гази Баба. Целта на учесниците беше да се запознаат подобро со комуникациските вештини во тимовите за поквалитетно извршување на работните задачи.

Во иднина би сакале и да ја прошириме соработката со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје преку опфаќање на теми кои ќе придонесат кон поголемо подобрување, зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето со цел повеќе насмевки на детските лица и повесели детски денови.

м-р Емилија М. Ѓурчиновска – Раководител на сектор, Сектор за подршка на градоначалник и јавни дејности ОГБ

Во име на општината таа возврати со благодарници за здружението и предавачите.

м-р Емилија М. Ѓурчиновска – Раководител на сектор, Сектор за подршка на градоначалник и јавни дејности ОГБ и Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Првиот дел од предавањето го реализира претседателот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, Верица Пандилоска Гичева. Таа даде вовед во комуникација и комуникациските вештини, ставајќи акцент на невербална комуникација.

Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Вториот дел од предавањето говореше Проф. Д-р Зенделабедин Шехи, претседател на “Европски институт за менаџмент, право и дипломатија“. Емпатија, уметност на слушање, комуникација, важноста на менталното здравје, говорот на телото и многу други значајни теми беа дел од неговото предавање.

Проф. Д-р Зенделабедин Шехи

Искрено верувам дека понатаму ќе соработувме и со родителите, не само со кадарот во градинките. Тие се важна алка од овој синџир воспитувач/негувател-дете-родител.

Проф. Д-р Зенделабедин Шехи

Завршниот дел од предавањето на учесниците им се обрати Верица П. Гичева која говореше на тема мотивација, инспирација и пат до лична надградба.

Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

По завршување на предавањата, беше промовирана и публикацијата за предучилишно и училишно воспитание и образование со наслов исто како и проектот “Социо-емоционален развој за деца“.

Желни за знаење и надоградување на личните и колективни капацитети, учесничките во проектот дојдоа спремни со прашања. Запишуваа но и споделуваа искуства од секојдневната работа.

Аплаузи, овации и отворен панел за дискусија со предизвиците кои постојат помеѓу родителите, децата и воспитувачите беа дел од енергичните интерактивни предавања на членовите на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Верица Пандилоска Гичева – Претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Им благодариме на сите 150 уечснички, негувателки, воспитувачи, стручни служби, директори од градинките на територија на Општина Гази Баба кои пријатно не изненадија. Вашата ангажираност, прашања, дискусии и споделување на искуства ни беа од особено значење. Верувам дека во блиска иднина ќе соработуваме и на други теми во заеднички цели и интереси.

Особено сакам да се заблагодарам во свое лично име и во име на целиот тим на здружението на сите кои на било каков начин учествуваа во проектот.

Се гледаме наскоро со нови теми, едукации, обуки и работилници кои ќе придонесат кон зајакнување на капацитетите на кадарот во градинките и секако на децата.

Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Директни учесници беа кадарот во градинките на територија на општината кои ги зајакнаа своите капацитети.

Се гледаме наскоро со следни теми за работа и нови предизвици.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *