ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како дел ХАБ мрежа на невладини организации кои ќе делуваат на територија на Општина Аеродром

На 7ми Јули 2021 година, во населба населбата Лисиче, Општина АЕРОДРОМ се отвори првиот Центар за кариерен развој во РС Македонија.

Центарот е отворен на иницијатива на Општина Аеродром, која неодамна формираше мрежа на невладини организации што работат на цели од локално, социјално и економско значење и претставува прв таков пример во државата.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како дел од овој ХАБ, мрежа на невладини организации, ќе дејствува на територија на општината и ќе придонесе преку своите проектни активности за подобрување на капацитетите на граѓаните кои дел од заедницата на Општина АЕРОДРОМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *