Како ги поддржуваме децата во нивниот емотивен развој - истражување за емоционалната интелигенција во градинките, резултати и идни насоки

Како ги поддржуваме децата во нивниот емотивен развој – истражување за емоционалната интелигенција во градинките, обуки, резултати и идни насоки

категорија: градинки, ЈУДГ | 0

Во денешниот свет, емоциите играат клучна улога во оформувањето на нашиот карактер, однесувањето и начинот на кој комуницираме со околината. Тие се од суштинско значење за нашето ментално здравје и личен развој, и како такви, заслужуваат особено внимание уште од најраната возраст. Препознавајќи ја оваа важност, ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го креираше проектот „Емоционална интелигенција во детскиот свет“ кој имаше за цел да ги истражи и разбере начините на кои емоционалната интелигенција може да се развие и поддржи, особено во контекст нај кадарот во предучилишни установи, Јавни Установи за деца – детски градинки на територија на општина Гази Баба.

Општи информации

Проектот „Емоционална интелигенција во детскиот свет“ беше посветен на поддршка и развој на кадарот во градинките (воспитувачки, негувателки и стручни служби) кои играат клучна улога во едукација и стимулирање на менталното здравје на децата кои ги посетуваат градинките. Поддржан беше од општина Гази Баба-Скопје, РС Македонија.

Општа цел на проектот беше генерирање на нови информации добиени преку истражување и испорака на специфични обуки на тема емоции и емоционална интелигенција кои беа дистрибуирани на воспитно образовниот кадар во градинките на општината (ЈУДГ “25 Мај“ и ЈУДГ “Детска Радост“). Во поширок контекст, содржината на овој проект имаше за цел да го поттикне кадарот во градинките на општината (ОГБ) кон надградба на личните и колективните капацитети на тема емоционалан интелигенција. Засегнатите страни добија нови, квалитетни информации и сознанија кои понатаму ќе можат да ги имплементираат во секојдневните работни активности.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје верува дека преку овој научно истражувачки и едукативен проект, кадарот во градинките доби нови знаења и вештини на тема емоции и емоционална интелигенција и со самото тоа ја зголеми својата способност за пронаоѓање сопствен и колегијален пристап во решавање и спроведување на предизвиците во колективот, но и во сопствениот живот.

Контекст и важност на истражувањето

Детскиот свет е чист, искрен и автентичен. Секое дете носи со себе уникатен спектар на емоции и чувства, кои често не ги разбира во целост. Спроведеното истражување беше фокусирано на тоа како можеме, како општество, воспитувачки/негувателки, психолози, педагози, специјални едукатори и родители, да го поддржиме овој емотивен развој на децата, така што тие понатаму ќе можат да израснат во емоционално интелигентни и балансирани личности.

Истражувачките наоди покажаа дека емоционалната интелигенција не само што ја подобрува индивидуалната благосостојба, туку исто така игра значајна улога во градењето на социјални врски и понатамошен успех.

Цели на истражувањето

Специфична цел на проектот „Емоционална интелигенција во детскиот свет“ беше да го истражи и анализира сегашниот степен на емоционална поддршка што децата го добиваат (од кадарот) во државните градинки, како и да ги истражи ставовите и искуствата на воспитувачите и другите стручни лица кои работат со нив.

Проектот идентификува практики и стратегии кои во иднина имаат интенција да го поттикнат развојот на вештини и компетенции на кадарот на тема емоционалната интелигенција кај децата, да ги зајакне емоционалните вештини кај воспитно образовниот и стручен кадар кои ги подготвуваат децата за предизвиците кои понатаму ќе ги очекуваат во животот.

Преку ова истражување, веруваме дека ќе дадеме квалитетни препораки за тоа како може да се подобри емоционалната поддршка и воспитување во државните воспитно образовните институции, јавни установи за деца, детски градинки.

МЕТОДОЛОГИЈА

Истражувачкиот процес

Во ова истражување беше применет комбиниран методолошки пристап, кој вклучи и квантитативни и квалитативните методи на истражување. Овој пристап овозможи поцелосно разбирање на прашањата поврзани со емоционалната интелигенција кај кадарот кој работи со децата и начинот на кој таа може да се поттикне и развива во предучилишните установи (ЈУДГ). Искуства од набљудување и интервјуа беа користени за дизајнирање и дистрибуција на инструментот, анкетен прашалник. Исто така, беше реализирана и интерактивна обука како и дискусија со фокус група од 35 учеснички.

Истражувањето ги опфати ставовите и искуствата на воспитувачите, раководителите и другите стручни лица, со цел да се добие комплетна слика за тоа како се перципира и применува емоционалната интелигенција во пракса во државните градинки на територија на општината.

Дистрибуираниот анкетен прашалник имаше за цел да собере мислења и препораки на сите вклучени страни, со што овозможи ЕУ ИНСТИТУТ Скопје да изработи ефикасни предлог стратегии за развој на емоционалната интелигенција на кадарот кој работи со децата во државните градинки на територија на општината (ОГБ).

Дизајн на анкетата и дистрибуција

Анкетата како инструмент беше внимателно дизајнирана со цел да собере податоци за ставовите, искуствата и препораките на воспитувачите и стручните лица во градинките. Прашањата во анкетата беа составени на начин што овозможи добивање на квантитативни податоци преку употреба на скали за мерење на ставови и мислења, како и квалитативни податоци преку отворено прашање каде што учесниците имаа можност да ги изразат своите размислувања и предлози.

Анкетата беше дистрибуирана преку он-лајн алатки за собирање на податоци, што овозможи лесен и брз пристап до целната група на учесници. Употребата на он-лајн алатки овозможи анонимност на испитаниците, почитувајќи го максимално етичкиот кодес и поттикна поголема искреност во нивните одговори. Анкетата беше споделена со воспитувачи, негуватели, стручни служби и директори од различни градинки (ЈУДГ “25 Мај“ и ЈУДГ “Детска Радост“) во рамките на опфатената област (ОГБ). Дел од проектот беше и фокус група која даде нова перцепција и податоци за тековните состојби кои ги има кадарот во државните градинки на територија на општината (ОГБ).

Демографија на учесниците

Учесниците во истражувањето беа вработени лица во предучилишните установи, вклучувајќи воспитувачки, негувателки и стручни лица кои имаат директен контакт со децата. Сите учесници имаа искуство во работа со деца на возраст од 0 до 6 години. Вкупно 35 лица учествуваа во анкетата, што овозможи наменски примерок за целната група и релевантни податоци за анализата.

Временска рамка

Истражувањето беше спроведено во период од два месеци (авуст-септември 2024), што овозможи доволно време за дистрибуција на анкетата, собирање на податоците и анализа на резултатите. Анкетата беше активна две недели, а дополнителното време беше употребено за анализа на добиените податоци и подготовка на извештајот.

Интерактивна обука и дискусија

Во рамките на истражувањето, беше организирана и интерактивна обука за учесниците, фокусирана на развој на емоционалната интелигенција кај вработените (воспитувачки, негувателки, сс и раководители) кои работат со децата во државните градинките на општината Гази Баба. По обуката следуваше интерактивна дискусија со фокус група, во која сите учесници имаа можност да ги споделат своите размислувања и искуства. Оваа дискусија придонесе за продлабочување на разбирањето на прашањата кои беа предмет на ова истражување. Воедно ги потврдија хипотезите и дадоа нови сознанија за сегашната состојба и предизвици кои ги има воспитно образовниот и стручен кадар во државните градинки.

Комбинирањето на квантитативните и квалитативните методи, заедно со фокус групата и интерактивната обука и дискусија, овозможи целосна и детална анализа на прашањето за емоционалната интелигенција во детскиот свет. Добиените податоци и сознанија ќе послужат како свежа основа за идни препораки и стратегии за подобрување на емоционалната поддршка и развој на кадарот во државните предучилишни установи, јавни установи за деца-детски градинки на тероторија на општина Гази Баба-Скопје, РС Македонија.

Важност на истражувањето

Проектот „Емоционална интелигенција во детскиот свет“ е од големо значење за иднината на нашите деца. Со разбирање и поддршка на предизвиците кои ги има воспитно образовниот и стручен кадар во државните градинки ќе се создаде позитивна клима за емотивен развој на децата.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје верува дека преку ваков пристап, и инвестирање во знаења и вештини на кадарот во државните градинки ќе се рефлектира позитивно влијание во воспитување на децата на кои не само што ќе се помогне да израснат во здрави и среќни луѓе, туку и заеднички ќе придонесеме за градење на подобро општество.

Ова истражување е прв чекор во насока на постигнување на оваа цел, и веруваме дека ќе ги обезбеди потребните информации и насоки за подобрување на емоционалната интелигенција и поддршка во државните градинките како воспитно образовните институци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *