Свечено доделување сертификати во ЈУДГ на ОЦ “13 Ноември“

По завршување на активност од проектот “Ментална хигиена за деца во предшколска возраст“, Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје свечено ги додели сертификатите за успешно реализирана едукација на персоналот од стручната служба-воспитувачи и негователки во ЈУДГ на Општина Центар “13 Ноември“ управа со објектите “ЈАСМИН“, “КУКУШКА“, “ПАРК“.

Ја посетивме управата на ЈУДГ “13 Ноември“ каде домаќин ни беше директор Ружица Биџовска. Разговаравме за проектот но и за понатамошните предлог заеднички активности. Дојдовме до заеднички заклучоци за тоа кои се приоритетите на кои заеднички е потребно да работиме понатаму на полето на негователи/воспитувачи во релација со деца и родители.

Во знак на внимание Верица Пандилоска Гичева, претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје на директорката и врачи благораница за соработката. Благодарница беше возрвратена и од директорката Ружица Биџовска за здружението и предвачите во име на ЈУГД ОЦ “13 Ноември“.

Таа јавно се заблагодари со краток говор каде даде личен осврт за проектот, соработката и предлог за идни активности.

Неодамна потпишаме меморандум за соработка. Ова ни беше прва активност со која ги потврдивме заедничките цели и интереси.

Ружица Биџовска – директор на ЈУДГ на ОЦ “13 Ноември“

Верувам дека ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како дел од невладиноит сектор со поддршка на Општина Центар придонесе кон зајакнување на капацитетите на воспитувачите односно децата во предучилишното образование.

Очекуваме да продолжи овој проект и наскоро да ги спроведеме и останатиот дел од проектните активности каде преку локални акции ќе ги вклучиме и родителите заедно со воспитувачите и децата.

Преку взаемна соработка и инволвираност на директната и индиректна засегната целна група во проектот заеднички ќе допринесеме за подобрени капацитети за управување и кавлитетна комуникација во секојдневните односи.

Верица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Срдечно бевме пречекани во објектот “Парк“ каде во пријатна атмосвера имавме можност накратко да поразговараме со учесничките во проектот.

Секоја градинка беше различно доживување за нас.

Глоблната пандемија и Ковид 19 криза допринесоја за поинаква интеракција во однос на обуките и предавањата кои се дел од нашите проектни активности.

Ги користевме дигиталните комуникациски алатки кои како предност од една страна ни овозможуваат да продолжиме со нашата работа.

Да не заборавиме дека интеракцијата со физичко присуство е секогаш незаменлива.

Дигитализацијата ни помогна да продолжиме непречено да работиме и да допринесеме кон зајакнување на капацитетите на воспитувачите и негователките како една од целните приоритетни категории кои се дел од овој проект.

Целта на овој проект е квалитетен пристап и подобрено предучилишно образование.

Фотографиите се од архива на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, фотограф Орце Доневски.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *