Успешна практикантска приказна

Поттикнување на вработување и развој на млади талентирани луѓе

Здружението за онбразовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, успешно ја продолжува својата работа давајќи особен акцент кон поединецот и општеството и тоа преку концепт на интегрирање на млади лица кои ги вклучуваме како волонтери и практиканти во работата на организацијата.

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ги смета човековите ресурси за основен и клучен фактор за одржлив разавој на ораганизацијата.

Значајно за нас и нашата работа е што се насочуваме и потпираме на младите луѓе волонтери, практиканти и сите инволвирани во работа на нашите проекти кои неформално ги едуцираме, зајакнувајќи ги нивните лични капацитети. Се потпираме на сите луѓе кои се дел од ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, без разлика на хиерархија во организацијата или на вера, религија. возраст, партиска определеност.

Една од нашите стратешки цели е да инвестираме во човечкиот фактор. Да ги привлечеме, оформиме и задржиме како кадар, сите оние млади лица кои сакаат да придонесат за себе, заедницата и општеството.

Континуирано овозможуваме кариерен развој на млади, интерграција на пазарот на труд, пракса, волонтерство и се што на еден човек му е потребно за да се подобри себе си за утре да биде поуспешен од денес.

Со таа цел денес ќе ви го преставиме Филип Петковски од Скопје. Тој во Септември месец 2021 година стана Дипломиран инженер по компјутерски науки, насока Менаџмент на информациски системи  на  Факултетот за компјутерска техника и информатика при Универзитет Американ Колеџ, Скопје.

Зошто Филип го одбра ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како организација?

Почетоците и првиот контакт со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ми беа уште од 2018 година кога почнав да доаѓам на мотивациските говорења и бесплатни обуки кои ги организираа како поддршка за граѓанскиот сектор.

Најмногу од се ми се допадна што веднаш ме примија заедно со уште неколку други млади да го започнам своето волонтерско анагажирање на скоро се што работеа во смисла на општествена одговорност.

Со оглед на тоа дека дел од моето образование го поминав во Америка, ми се допадна визијата за работа со млади на организацијата, тој youth empowered. Како организација се многу достапни и имаат сериозен и квалитетен акционен план за работа со нас младите на кои тоа ни е најпотребно.

Јас како новопечен дипломец барав добра отскочна даска која ќе ми овозможи учење и совладување на вештини кои до сега не сум ги поседувал, кои ќе ми помогнат понатаму во животот. Тоа го најдов во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. имаа отворен пристап и посветеност кон мене но и кон сите останати млади кои на различен начин беа инволвирани во работењето на организацијата а ги запознав во неа. .

Ми дадоа можност за запознавање и вмрежување со луѓе од различен калибар, професија, образование.

Имав желба и среќа да ра работам со претседателот и лидер на организацијата г-ѓа Верица Пандилоска Гичева која и воедно е мојот ментор.

Во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје се учи од искусни и докажани личности кои позади себе имаат сериозно и долгогодишно искуство. Совладување на комуникациски вештини и преговори со други лица, како и закажување, одржување и водење на екстерни и интерни состаноци беше еден од значајните бенефит за мене. Доплолнителен стимул е и финансиската надокнада, која на самошто дипломирана личност навистина значи многу.

Што те поттикна да се пријавиш за практикантска работа?

Повеќе фактори ме поттикнаа да започнам со пракса. Главен фактор е тоа што дипломирав и барав појдовна точка од која би се движела мојата понатамошна кариера.

Верувам дека доколку се стекнам со практични вештини и искуство секогаш ќе бидам во предност.

Како втор фактор би го издвоил искуството, кое се добива со тек на времето. Трет фактор е, како што спомнав во предходниот дел, учење нови вештини, запознавање и вмрежување со нови личности.

Што би им препорачал Филип на идните студенти, баратели на пратикантска работа?

Повеќето студенти, кои не посетувале практиканска работа, по завршување на факултетот имаат само парче хартија на кое го има нивното име, презиме, универзитет, факултет, насока и стекнато звање и ништо повеќе од тоа. Тогаш дипломираната личност се сретнува со предизвикот, а што сега?.

Одговорот е или одење на дополнителна практична работа и усвојување на практичните вештини за кое се учело во теоријата на факултет или фрлање во директен оган, односно веднаш вработување во кое дипломираните не можат да се снајдат со обврските.

Студентите кои посетувале пракса, ги знаат обврските, задачите и можните методи за успешно завршување на истите. Студентите кои посетувале практична работа, се поснаодливи, поисполнителни и поспремни од оние кои не посетувале никаква практична работа.

Од искуството кое го стекнавте во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, што би им сугерирале на вашите врсници, млади луѓе?

Мојот совет до студентите е да се пријават на пракса, без разлика дали е платена или не, да научат нешто ново, нешто што не се учи на часовите на факултет, да добијат нова вештина со која ќе можат полесно да ги поминуваат препреките во понатамошната кариера, а и за да може да бидат поконкуренти на пазарот на трудот. Да научат како е да се работи во тим, како е да се биде дел од тим, да се разменуваат различни мислења без да се дојде до конфликт. Сепак не е исто да имаш богато CV наспори празно CV во кое ќе пишува само име, презиме, година на завршување на факултетот.

Филип беше дел од нашите проектни активности при што имаше можност два месеци да добие платен практиканстка работа преку вмрежување на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје со МЛАДИ ХАБ –градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” финансиран од British Embassy Skopje, а спроведуван од Националниот младински совет на Македонија и The Youth Group.

По завршување на платената практиканстка работа Филип Петковски останува во ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како координатор за млади.

Како учесник во практиканстката програма, Филип доби Сертификати за сите реалзизирани менторирани обуки но, најважно од се е што доби знаења кои веруваме дека ќе ги имплементира во животот и својата понатамошна работа.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *