Успешно реализирана работна средба на тема семејно насилство

Најголема надеж во борбата против спречување на семејно насилство како и препознавање на истоимената појава се младите. Овој пристап претставува цврста основа за дијагностика и имлементирање на програма за семејно насилство на територија на Општина Аеродром.

Основното Општинско Училиште “Гоце Делчев“ Горно Лисиче беа одлични домаќини со кои разговаравме на тема подигнување на свеста на тема семејно насилство на територија на Општина Аеродром.

Во пријатна атмосфера бевме гости на директорката на ООУ “Гоце Делчев“ Горно Лисиче, Бистрица Станковска која воедно беше и домаќин на средбата. Заедно со својот тим на воспитно образовни соработници не пречека во удобноста на училиштето.

Работната средба беше иницирана од страна на претставник на општината, Весна Марковска – Советник и координатор за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина АЕРОДРОМ. Разговаравме за подигнување на свеста и поголема едуцираност на тема препознавање на појавата на семејно насилство. Во дискусијата учествуваше и педагогот на училиштето, Силвана Марковска.

Ова е нов предизвик за вклучување на училиштето во проектното истражување кое ќе го спроведе Здружението за образовно истражувачка декност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје а ќе започне во Септември 2021 година.

ООУ “Гоце Делчев“ Горно Лисиче ќе бидат вклучени во проектот и ќе дадат свој придонес преку учество во анкета одделно за воспитно образовниот кадар, стручната служба како и децата од 6то до 9то одделение.

Наша цел е граѓаните да бидат информирани уште од мали нозе за основни вродени права: автономија, интегритет, достоинство како основни човекови права. Веруваме дека преку ова истражување ќе дадеме квалитетни резултати и придонес во општината односно општеството за креирање на поголема видливост на проблемот семејно насилство како и пронаоѓање на адекватен начин за постепено реашавање на истиот.

Врица Пандилоска Гичева – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

По повод започнување на соработка во взаемен интерес беше потпишан и меморандум за меѓусебно штитење на интересите на ООУ “Гоце Делчев“ Горно Лисиче и Здружение за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *