Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода ги зајакнаа капацитетите со меки вештини

Искористување на потенцијалот на младината е главната стратешка цел ЕУ ИНСТИТУТ Скопје која се имплементираше во проектот Самодоверба, комуникација, мотивација поддржан од Општина Аеродром. Неформални едукации за подобрување на меките вештини преку наменски изработени обуки и давање насока за професионална определба и кариерен развој беа стратешки главната цел за зајакнување на капацитетите на младите (16-29) кои живеат на територија на општината.

На наше особено задоволство учесници во проектот Самодоверба, комуникација, мотивација беа членовите на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Кисела Вода кои живеат и учат на територија на општината.

На локација ПАРКОТ НА СВЕТЛИНАТА во Општина Аеродром, свечено беа доделени сертификатите на дел од учесниците, млади волонтери на Црвениот крст од Општинската организација Кисела Вода.

На присутните млади им се обрати и секретарот на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација Кисела Вода, Дејан Ѓорѓиевски кој јавно се заблагодари за соработката со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Воедно со кратко излагање ја истакна важноста за волонтерите кои ги поминаа сите модули и едукации на проектот.

Ни претставува особено задоволство што партиципиравме во проектот: Самодоверба, комуникација и мотивација, кој претставува длабоко стекнато знаење и инспирација на младите низ нивниот понатамошен живот. Искрено посакувам да соработката помеѓу Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Кисела Вода и ЕУ Институт Скопје продолжи и во иднина, се со цел зајакнување на капацитетите и ресурсите на двете организации. Благодариме на можноста и веруваме дека придобивките од едукативните сесии ќе бидат од големо значење за нашите волонтери кои претставуваат интегрален дел на нашата заедница!

Дејан Ѓорѓиевски – секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Кисела Вода.

Во знак на взаемна доверба и благодарност и двете организации разменија благодарници за успешно учество во проектот.

Кога се работи со луѓе, речиси секогаш се соочуваме со одредени предизвици при имплементација на активностите, но најважно од сѐ е што умееме брзо да се прилагодиме и соодветно одговориме. Го паметам моментот кога ја оствариме соработката со ЕУ Институт Скопје пред некој месец и колку истата беше на обострано задоволство. Од овој аспект сега, задоволството премина во стекнати вештини и проширени знаења во полето на личен раст и развој кај младите, за кои овие теми на едукација се секогаш актуелни и неопходни. Како млад човек, пред се сметам дека ваквите модули и проекти се секогаш приоритет и потреба, а дополнително задоволство ми претставува кога треба да ги поттикнам и мотивирам нашите волонтери кои секогаш се инволвирани на терен во рамки на нашите активности и често се случува да имаат потреба од дополнително знаење и компентенција за соодветен одговор.

Маја Наумовска – координатор на волонтерите при Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода.

Ни беше задоволство да соработуваме со ова признато национално друштво, член на Меѓународното движење.

Изминатите обуки од проектот наменет за млади поттикнаа социјализација на младината, стекнување на нови потребни вештини, значајни за конкурентноста на пазарот на труд.

Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, до сега со оваа меѓународна организација соработуваше 2020 година на почеток на светската Ковид криза на проектот Ментална хигиена во услови на Ковид-19 и глобална пандемија.

Овој проект беше наменет за помош и поддршка на граѓанскиот сектор за креирање на одржлива ментална хигиена во услови на глобална пандемија и Ковид-19 криза. Се имплементира на национално ниво во РСМ.

Во 2020 година кога светот се соочи со глобална пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, мотивирани од ваквите глобални случувања ние како ГО решивме фокусот да го ставиме на на унапредувањето на менталното здравје во услови на пандемија и превенција на создавање на одредени ментални заболувања во овие моменти на криза кај популацијата на младо, но и возрасно население.

Верица Пандилоска – претседател на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје

Целта на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје беше зголемување на позитивно влијание и надминување, прилагодување на новонастанатата ментална состојба на граѓаните предизвикана од глобалната пандемија и Ковид-19 криза. Реализиравме он-лајн програма за неформална доедукација на soft skills за млади волонтери на Црвен Крст ОО Центар и ОО Кисела Вода, подготовка на родители-деца и воспитно образовен кадар при практикување на он-лајн настава, совети за родители кои имаат деца кои се дел од ранлива категорија на граѓани и се со блага ментална ретардација и возраст до 11 години, со крајна цел за обезбедување на позитивни социјални промени.

Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *