ЕУ-ИНСТИТУТ-Скопје-гостин-на-првиот-академски-час-во-2024-на-Универзитет-ЕУРОПА-ПРИМА-во-Скопје

Чест и задоволство: ЕУ ИНСТИТУТ Скопје присуствува на првиот академски час на Универзитетот ЕУРОПА ПРИМА

На 4ти октомври 2024 година, со особена чест и задоволство, претставници од ЕУ ИНСТИТУТ Скопје беа поканети да присуствуваат на првиот академски час на Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА во Скопје. Настанот се одржа во комфорната кино-сала на универзитетот, симболизирајќи го почетокот на уште една академска година исполнета со креативни предизвици и достигнувања.

Важноста на уметноста и образованието

Присутните студенти, професори и гости беа пречекани со инспиративни обраќања од страна на раководството на универзитетот.
Проф. д-р Александар Трајковски, ректор на универзитетот, ја истакна мисијата на ЕУРОПА ПРИМА како единствен универзитет во Македонија со посветеност кон уметноста. Тој нагласи дека преку фузија на театар, музика и филм, универзитетот создава уникатни професионалци во областа на аудиовизуелните уметности, со високи стандарди на едукација согласно европските и светските норми.

Проф. д-р Александар Трајковски – Ректор на Универзитетот ЕУРОПА ПРИМА Скопје

Проф. Д-р Јордан Плевнеш, претседател на универзитетот, го нагласи значењето на оваа институција како културно-образовен мост помеѓу Македонија и Европа. Во својот инспиративен говор, тој ги покани младите од Македонија и поширокиот регион да го започнат своето уметничко патување токму тука, охрабрувајќи ги со мотото: „Дури и најдолгиот пат започнува со првиот чекор.“

Проф. Д-р Јордан Плевнеш – Претседател на Универзитетот ЕУРОПА ПРИМА Скопје

Пат за меѓусебна соработка

На овој важен настан, Проф. Д-р Зенделабедин Шехи, претставник на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, одржа краток мотивациски говор, истакнувајќи ја важноста на креативноста и заедничките цели за поддршка на младите.

Проф. Д-р Зенделабедин Шехи – обраќање на прв академски час, Универзитет ЕУРОПА ПРИМА Скопје 20204

Овој прв академски час го постави темелот за идната соработка помеѓу ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Универзитетот ЕУРОПА ПРИМА, чија цел е зајакнување на капацитетите на младите и обезбедување на нови можности за нивен професионален и личен развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *