На 4ти октомври 2024 година, со особена чест и задоволство, претставници од ЕУ ИНСТИТУТ Скопје беа поканети да присуствуваат на првиот академски час на Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА во Скопје. Настанот се одржа во комфорната кино-сала на универзитетот, симболизирајќи го почетокот на уште една академска година исполнета со креативни предизвици и достигнувања.
Важноста на уметноста и образованието
Присутните студенти, професори и гости беа пречекани со инспиративни обраќања од страна на раководството на универзитетот.
Проф. д-р Александар Трајковски, ректор на универзитетот, ја истакна мисијата на ЕУРОПА ПРИМА како единствен универзитет во Македонија со посветеност кон уметноста. Тој нагласи дека преку фузија на театар, музика и филм, универзитетот создава уникатни професионалци во областа на аудиовизуелните уметности, со високи стандарди на едукација согласно европските и светските норми.

Проф. Д-р Јордан Плевнеш, претседател на универзитетот, го нагласи значењето на оваа институција како културно-образовен мост помеѓу Македонија и Европа. Во својот инспиративен говор, тој ги покани младите од Македонија и поширокиот регион да го започнат своето уметничко патување токму тука, охрабрувајќи ги со мотото: „Дури и најдолгиот пат започнува со првиот чекор.“

Пат за меѓусебна соработка
На овој важен настан, Проф. Д-р Зенделабедин Шехи, претставник на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, одржа краток мотивациски говор, истакнувајќи ја важноста на креативноста и заедничките цели за поддршка на младите.

Овој прв академски час го постави темелот за идната соработка помеѓу ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Универзитетот ЕУРОПА ПРИМА, чија цел е зајакнување на капацитетите на младите и обезбедување на нови можности за нивен професионален и личен развој.
Текстот е авторски! За споделување на содржината и објавување (во целост или парцијално) потребно е да побарате дозвола од авторот и да го наведете изворот!

Напишете коментар