Не ден 27 Фебруари 2021 година успешно се реализираше 3та научна конференција на тема „Предизвици во менаџментот при пандемија КОВИД-19, професионални одговорности и човекови права“. Организатор беше Европски Институт за менаџмент, право и дипломатија во соработка со ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, Универзитет Kолеџ за Бизнис од Албанија, Еуро Колеџ Куманово, Метрополитен Колеџ Скопје.
На конференцијата беа презентирани 20 трудови на тема економија, право и психологија. Секој говорник имаше можност да ги презентираат своите проблеми и заклучоци во однос на одбраната тема за време на панел сесиите.
Сите учесници изработија и авторски апстракти каде ја наведоја темата за конференцијата на која работеа заедно со 4-5 клучни зборови.

На конференцијата присуствуваа учесници од: Македонија, Албанија, Косово и Унгарија. Говорниците панелисти ги преставуваа своите трудови на англиски и албански јазик.
Напишете коментар