Дали некогаш сте почувствувале дека се чувствувате лошо поради одредени луѓе? Сигурно сте се затекнале себеси во ситуација во која сте дијагностицирале дека некој не ве цени и кон вас се однесува лошо. Веднаш отстранете ги таквите лица од сопствените животи.
Доколку тоа не е возможно во тој случај потрудете се да ја минимализирате комуникацијата со нив колку што е можно повеќе или колку што ви налага конкретната ситуација. Сигурна сум дека ова ќе ви помогне да се чувствувате подобро самите кон себе. Воедно ќе си направите поголем простор за лица на кои ќе им дадете можност и шанса да бидат дел од вашиот живот и работа.
На ваков начин ќе го оспорите негативното размислување. Ќе направите свесен напор и затоа како резултат на ова ќе имате простор и време за лица кои ве сакаат, почитуваат и ве третираат како што вие самите се гледате себеси а тоа и го очекуваме од другите. Ќе престанете со негативни размислувања. Верувајте дека веднаш ќе се почувствувате подобро. Вашата самодоверба ке ја подигнете на повисоко ниво!

Некогаш е добро своите мисли и размислувања да ги поделиме со своите најблиски со кои го делиме животот. Многупати барем мене ми се покажало дека тоа може да помогне да се преиспитаме себеси и да го оспориме негативното размислување.

Секогаш за согледување на реалната слика во животот ни требаат уште еден пар очи. Некогаш е потребно директно да го прашаме нашиoт партнер или најблиското семејно опкружување како ти не гледаат и доживуваат? И ова повторно ќе ни помогне да го најдеме вистинскиот одговор и уште еднаш да се преиспитаме себеси. Да ги прашаме што тие сакаат кај нас, што им се допаѓа, а што не? Ќе се изненадите од одговорите кои ќе ги добиете.
Семејството секогаш не потсетува на она што сме го направиле а е правилно. Тоа секогаш помага.
Секогаш одлуките кои ги правиме во животот треба да бидат наши, сопствени, без никакво влијание од никој освен нас самите. Во овој случај и да погрешиме, но и да сме на правиот пат, самите за себе ќе ја сносиме сопствената одговорност.
Напишете коментар