Читајте и никогаш нема да бидете осамени

23 Април Светски ден на книгата

Почитувани читатели, на денешен ден го одбележуваме светскиот ден на книгата и авторското право. По тој повод сакаме да ги изненадиме сите наши поддржувачи и следбеници со попуст на одредени наши изданија.

Светскиот ден на книгата беше создаден од УНЕСКО на 23 април 1995 година за да ги прослави книгите и авторите и да ги охрабри младите да го откријат задоволството кое произлегува како резултат на читање, а со самото тоа и надоградување на една личност.

Преку промовирање на Светскиот ден на книгата се продолжува охрабрувањето на децата, младите и возрасните да читаат од задоволство и да создаваат здрави ментални навики преку практикување на секојдневно читање на различни видови на публикации. Семејството и формалното образование се двата клучни фактори во надградбата на децата кои треба да ги стимулираме секојдневно и самоиницијативно да пројавуваат интерес за книга.

Во текот на цела година, од клучно значење е да одвоиме време да читаме самостојно или со нашите деца. Потребно е да ја прославиме важноста на читањето, да се поттикне растот на децата како читатели и да се промовира доживотна љубов кон литературата и интеграција во светот на работата.

Читајќи можеме да допреме до недостижните светови и покрај далечината. Можеме да патуваме благодарение на имагинацијата. Да истражиме сами нови теми и жанрови кои не се вообичаени. Нашата цел е да ги вклучиме луѓето во читање и да се забавуваат правејќи го тоа!

Монограмски публикации на попуст

ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО е една од најчитаните книги во библиотеките ширум Македонија која е издадена во Октомври 2017 година. Автор е Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи, претседател и основач на Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија. Книгата е преведена на 5 јазици.

Кликнете тука за нарачка

По повод денот на книгата, во период од 23ти до 30ти Април 2021 година книгата е достапна за нарачка по цена од само 350 денари со пресметан попуст од 30% од постоечката цена и тоа на следните јазици:

  • Македонски јазик ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО
  • Албански јазик ( GJUHA E TRUPIT ),
  • Англиски јазик (BODY LANGUAGE),
  • Српски јазик (GOVOR TELA) и на
  • Гермаски јазик KÖRPERSCHPRACHE

Човекот со визија и сон вели:
“Имам еден сон кога еден ден сите граѓани ќе сфатат дека унитарноста и респектот на заедничките вредности ќе ги инвестираат во доверба и љубов каде што луѓето без предрасуди и омраза, без причина ќе научат со заеднички сили да ги победат сите препреки што ги ограничуваат да бидат дел од светот што припаѓаат.”

Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи

Кликнете тука за нарачка

Уставот на РС Македонија ја гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови творештво. Уставот на РСМ ги гарантира и правата што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид интелектуално творештво. Републиката го поттикнува, го помага и го штити развојот на науката, уметноста и културата.

ПУБЛИКАЦИИ: Прирачници на попуст

Во период од 23ти до 30ти Април 2021 година, попуст на прирачниците:

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ 250 денари

Кликнете тука за нарачка.

ПРАКТИЧЕН ПРИРАЧНИК ЗА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО 250 денари

Достапен е на

  • Македонски
  • Англиски
  • Српски јазик

Кликнете тука за нарачка.

Да се погрижиме да стекнеме навика за читање 365 дена во годината. Доколку немаме можност за купување на книги на располагање ни стојат националните установи, библиотеки преку кои со минимална годишна членарина можеме да имаме на дланка богата ризница на авторски дела. Секако во ова денешно дигитално време, се поголем број на изданија се достапни и во електронска форма.

Желба, волја и мотивација се потребни за да утре бидеме побогати со знаења кои ни се потребни секојневно да се надоградуваме и да живееме квалитетно.

За сите информации и детали можете да не контактирате по пат на меил или телефонски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *