Фактори кои влијаат на нашата самодоверба

категорија: Самодоверба | 0

Пред се тоа се генетските фактори кој влијаат на нашата севкупна личност. Тие имаат влијание на само дел од улогата каква самодоверба можеме да имаме.

Најголемо влијание на нашата самодоверба сепак има нашето животно искуство.

Зошто го велам ова?

Доколку некое лице дете или возрасен го критикуваме постојано многу е логично и нормално да има пониска самодоверба. Влијание има и тоа дали е некој хендикепиран, маргинализиран, како изгледа физички дали е ограничен поради некаков вид медицинска состојба и слично. Ова се се фактори кои секако влијаат на самодовербата на една личност.

Како да разликуваме што е тоа здрава самодоверба?

Постојат неколку препознатливи знаци на здрава самодоверба. Тоа се: способноста на една личност да каже не, довербата, позитивниот поглед и перспектива, способноста една личност да ги увиди јаките и слаби страни, да ги прифати како такви, негативните искуства да не влијаат врз нејзината перспектива и способноста да ги изрази своите потреби.

Од тоа што можев да го истражам и добијам како податок е дека придобивките од високата самодоверба спаѓаат во две категории:

  • зголемена иницијатива и
  • пријатни чувства.

Со оглед на хетерогеноста на високата самодоверба, недискриминирачката пофалба може исто толку лесно да промовира нарцисоидност и непосакувани последици. Значи треба да чувствуваме и зрачиме со самодоверба, но не премногу. Во спротивно тоа ќе помине во самобендисаност, а тоа не е препорачливо за никој од нас. Затоа е пожелно во се да сме умерени. Вака ќе имаме помалку посакувани последици.

Препораката е да користиме пофалби за да ја зголемиме самодовербата како награда за општествено пожелно однесување и самоподобрување на секој еден од нас.

Како да разликуваме ниска самодоверба?

Препознатливи знаци на ниска самодоверба и лошо самопочитување се: негативен личен изглед, недостиг на самодоверба, неможност за искажување на вашите потреби, недостиг на фокус на личните слабости, чувство на срам, депресија и анксиозност, верување дека сите останати се подобри од нас, проблем со прифаќање позитивни повратни информации и секако на крај стравот од неуспех.

Ќе треба да поработите на себе си доколку кај себе ги дијагностицирате овие знаци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *