Самодовербата како еден од основните човечки мотиви

категорија: Самодоверба | 0

Податоци од голем број на истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат голема самодоверба се поуспешни од сите останати. Без разлика дали се работи за ученици, средношколци, студенти, лица кои работат. Секако ова мора да е дозирано бидејќи од преголема самодоверба во одредени ситуации може лесно да поминеме и во нарцисоидност.

Придобивките од високата самодоверба не водат кон сопствена зголемена иницијатива и пријатни чувства.

Според сознанија на врвни психолози самопочитта ја делиме на две нивоа

  • почит од други луѓе
  • сопствена самопочит

Првото ниво е дека ни е потребна почит од други луѓе. Да, се разбира, секој од нас сака да е ценет и почитуван. На сите нас ни треба почит од другите луѓе. Кога зборуваме за другите луѓе ќе потенцирам дека мораме да бидеме свесни и да знаеме дека почитта мора да ја заслужиме! Од семејството, соработниците, заедницата и целата околина која не опкружува. Ова е процес кој што трае релативно долго и секако зависи од нас самите и од никој друг.

Второто ниво или поделба на самопочитта всушност е многу подлабоко и се однесува на нас самите. Поточно кажано значи сопствена самопочит. Нашата внатрешна самопочит всушност е и нашата водечка сила или лајт мотив во животот. Доколку сега активно и длабоко размислите верувам дека ќе се сложите со мене дека на секој од нас му е потребна почит од самите себе си.

Доколку сакаме да се надградиме, еволуираме, пораснеме како личност потребно е да ги исполниме и двете. Прво тргнуваме од себе, а потоа продолжуваме кон другите околу нас.

Зошто ни е ова потребно?

Доколку сакаме како поединец, како личност да созреваме и растеме многу е важно да постигнеме ваков вид на само актуелизација.

Разлика помеѓу самодоверба и само ефикасност

Значајна е разликата на концептот кој го нарекуваме самодоверба од она што се нарекува само-ефикасност. За самодовербата веќе дефиниравме дека во психологијата се користи за да се опише целокупното чувство на личноста или личната вредност. Само-ефикасноста од друга страна подразбира нешто сосема поинакво. Тоа значи колку некој верува дека ќе се справи со одредени активности во животот. Какви перформанси има секој од нас или да кажеме способности со кои ќе плива во океанот наречен живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.