Говорот на телото кај јасновидци и психијатри

категорија: Говорот на телото | 0

Во денешното современо живеење кое е во моментов навистина тензично и предизвикува различни психички турбуленции кај сите нас, многу често луѓето бараат помош кај психијатри кои даваат конкретна и стручна проценка, советување и поддршка. Се почеста е и појавата, многу од граѓаните да одат и посетуваат различни јасновидци кои многупати поради финансиски интерес маневрираат со моменталната нестабилна емоционална и психичка состојба на граѓаните. Во денешното дружење ќе зборувам за говорот на телото кај двете целни групи. Зошто? И едните и другите ја користат невербалната комуникација како алатка за подобро скенирање и дијагностика на своите клиенти.

Сведоци сме дека секојдневно на вести слушаме секакви непредвидени ситуации во кои населението е конфузно од севкупната ситуација поради пандемијата. Факт е дека граѓаните освен здравствени проблеми од Ковид-19 имаат и се поголем број психички проблеми. За жал, сеуште сме општество каде донекаде е табу тема да се советувме со психијатри како стручни лица во својата област. Луѓето ги плаши помислата дека од страна на другите ќе бидат окарактеризирани како ментално нестабилни, едноставно ги плаши овој момент. Ова го велам од причина што многупати во овие година и половина среќавам пријателки кои имаат деца со вакви здравствени проблеми. Секојдневно се судруваат со емоционални падови кај нив и воопшто во семејството. Психолозите, психијатрите кои практикуваат невербална комуникација многу побрзо и полесно доаѓаат до дијагностика кај своите пациенти. Преку сите гестикулации и знаци кои личноста ги манифестира преку говорот на телото доаѓаат до реални сознанија за соговорникот, во која мерка и медицинска фаза се наоѓа истиот.

Во светот во моментов можеме да погледнеме безброј реалити шоуа каде секаков вид на јасновидци секојдневно посетуваат познати личности кои сакаат да добијат од нив совет и информација по кој пат да тргнат, но многу често сакаат да комуницираат и со блиски лица кои им се починати. За жал, вакви има многумина. Истражував на оваа тема и дојдов до сознанија каде јасно се гледа дека ваквите јасновидци-советници едноставно ги земаат физичките знаци од нивните клиенти и ги користат овие индиции за да го убедат клиентот дека тој или таа знае работи што никој друг не може да ги знае.

Доколку повторно истражите ќе видите дека статистиката за невербалната комуникација, говорот на телото укажува на тоа дека експертите веруваат 55% од нашата комуникација е невербална. Човечкото тело е способно да манифестира над 700.000 различни невербални сигнали. Говорот на телото е една од основните комуникациски алатки кои се користи за читање на соговорниците клиенти.

Во текот на првиот контакт и таканареченото прво, ладно читање овие лица ја прават главната профилизација на личноста која им е клиент. Тие вешто знаат да дојдат до заклучок преку читање на говорот на телото на клиентот. Главното скенирање е преку облеката, движењата на телото и севкупната невербална комуникација на личноста, потоа преку вербалната комуникација-говорот, етничката припадност и слично. Доколку проценат дека сте несреќни во бракот, ќе зборуваат со трик прашања на таа тема. Доколку насетат дека имате финансиски проблеми, ќе зборуваат за вашата работа и т.н. Способни се да прочитаат каков е вашиот негативен говор на тело преку вашите раце, скрстени раце, нозе. Вашиот одбрамбен штит ќе го скенираат многу брзо, дека сте затворени и кон тоа ќе ги насочат сите сугестии.

Психијатрите па и јасновидците имаат една единствена цел, а тоа е да ја стекнат довербата кај клиентите. Преку невербалната комуникација тие се во можност многу брзо да го проценат и измерат суптилниот говор на телото кај своите клиенти, за да проценат и видат дали нивните зборови се точно она што клиентот сака да го слушне, се раководат според позитивен или негативен говор на телото кај клиентот.

Бидете претпазливи и усовршувајте ја невербалната комуникација. Овие луѓе можат преку говорот на телото да проценат дали сте заинтересирани за разговор (ова доколку седите наведнати нанапред), дали сте вознемирени (ова доколку се допирате со рацете, да речеме за врат), можеби сте опуштени (ова ако седите удобно со прекрстени нозе) и уште многу други невербални гестикулации за кои не сме свесни дека ги правиме додека разговараме со било кој, а не само со психијатри и јасновидци.

Како да вежбаме ладни читања на говорот на телото кај луѓето?

Во денешнава ситуација во која сме ограничени со излегувања, дружења и останати разни собири за социјализација, ова е најдобро да го правиме додека гледаме телевизија. Опсервирајте и посматрајте ги сите ликови кои ги гледате објективно, без емоции. Ќе видите милион различни светови. Доколку имате желба и сакате да се усовршувате ќе влезете во комплетно нов универзум.

За сите оние кои сакаат да се усовршат на оваа тема, можат да ми пишат и побараат персонализирани едукации на тема невербална комуникација, основно, но и напредно ниво. Доколку се едуцирате на оваа тема, ќе видите комплетно нови светови.

За вашите размислувања, коментари и прашања можете да ни пишете или да побарате совет. Ќе ми биде драго да одговорам на се што ве интересира на тема говорот на телото.

ISBN 987-608-4880-03-5 Материјалот е авторски. Секое реобјавување мора да е во согласност со авторот каде јасно ќе биде ставен изворот на текстот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *