Говорот на телото во канцеларија

категорија: Говорот на телото | 0

Колку говорот на телото може да ни послужи во канцелариската политика?

Сите ние работиме во некакво канцелариско опкружување (барем оние кои не работат од удобноста на сопствениот дом). Опкружени сме со колеги кои се дел од нашето секојдневие. Со самото тоа се наметнува констатацијата дека помеѓу нас како лица кои сме дел од колективот постои одредена политика која е деловна, професионална. Говорот на телото кај сите нас претставува дел од таа канцелариска политика. Има важна улога во работното опкружување и може да поттикне или да обесхрабри во ситуации кога е најпотребно.

Многумина несвесно или свесно невербалната комуникација ја користат како дел од таа канцелариска политика. Но факт е дека при извршување на работниот однос многумина воопшто не размислуваат за говорот на телото и за сигналите и знаците кои невербално ги испраќаат. Кога станува збор за машката популација таа невербално секогаш два знаци на доминација врз жените, но има и одреден процент на машка популација која преку говорот на телото во канцелариско опкружување е вешт манипулатор. Жените пак од друга страна честопати свесни за своите атрибути знаат во многу случаи несвесно да даваат сигнали со кои го искажуваат своето мислење и кои не се во прилог на деловноста. Воглавно користењето на невербалната комуникација преку говорот на телото изнесува скоро 70% и кај едните и кај другите.

Некои лица многупати несвесно ги испраќаат своите невербални сигнали, но многумина тоа свесно го прават за постигнување на одредена цел. Тоа се луѓе кои го разбираат и применуваат невербалното знаење за да бидат успешни на своите работни позиции. Еве една табела која може да биде вид на патоказ за говорот на телото во канцелариската политика. Па да видиме какво однесување манифестира лице кои активно го користи говорот на телото за канцелариска политика:

  • Се позиционира со можност за започнување разговор
  • Седи покрај новата личност на продажни состаноци
  • Честопати се откажува да сподели информации со новата личност
  • Демонстрира однесување со повисок статус за комуникација со новата личност
  • Активно слуша и се согласува со новата личност
  • Дава совети и информации за тоа како работи канцеларијата и личностите на луѓето што работат таму
  • Води сметка за позиционирање помеѓу новото лице и другите вработени од колективот

Важно е да се напомене дека во ситуации каде активно се користи ваквиот однос преку говорот на телото во канцеларија, честопати како производ на ситуацијата се манифестираат следниве однесувања од едната или од другата страна, тоа вообичаено се:

  • Избегнување контакт со очите едни со други
  • Игнорирање едни на други во ходникот или другите заеднички простории
  • Седење на конфронтативна локација или поза за време на состаноците
  • Вртење грб едни на други за време на состаноците
  • Обид да се седи најблиску до шефот, водачот на групата или лидерот на компанијата

Верувам дека преку овие прочитани искази и примери може да видите дека говорот на телото и невербалното однесување се моќни алатки (или оружје, во зависност од вашето гледиште) во канцелариската политика.

Дали сте помислиле дека голем број луѓе го користат говорот на телото за да обесхрабрат !?

Оние кои се стремат да обесхрабрат или создадат конфузна канцелариска политика, исто така може да го користат говорот на телото активно и намерно. Зошто? Бидејќи говорот на телото е одличен начин за комуникација со неодобрување и незадоволство. Секој од нас е во можност да испрати порака до друга личност без да мора да каже нешто директно или да создаде непријатна ситуација/конфронтација. На пример, рековме дека во тимот имаме нов менаџер за продажба кој работи со нас во канцеларија. Нашиот соработник активно се занимава со канцелариска политика преку невербално додворување, обидувајќи се да добие наклонетост на секој начин кај новиот менаџер. Доколку ние како дел од синџирот на колективот не го одобруваме ваквото однесување и сакаме да пренесеме јасна порака за тоа неодобрување, веројатно ќе ги манифестираме следниве сигнали при нашето однесување со таа личност:

  • Ќе се ​​тргнеме и оградиме од дискусиите каде што другата личност зборува за својата ‘одлична’ врска со новиот шеф
  • Ќе упатуваме коментари и водиме разговори директно до новиот член кој е дел од менаџерскиот тим за продажба наместо да вклучуваме други личности
  • Ќе одржуваме високо ниво на професионално однесување во сите канцелариски интеракции и политики
  • Ќе се фокусираме на сопствените работни перформанси отколку на други непотребни канцелариските политики
  • Ќе одржуваме почит кон новиот член во тимот на продажба, но секогаш со доза на сопствена самодоверба и личен простор во работата
  • Ќе избегнуваме интеракции и мудрувања кои не треба да ги правиме во однос на новата личност во колективот

Многупати во канцелариското опкружување имаме лица кои се дел од колективот кои секогаш знаат се како треба и што треба да се направи и се толку интензивни и наметливи што никој друг освен нив не може или не сака (бидејќи му е здосадено да се објаснува) да се изјасни за одредена тема или или давање предлог за конструктивно решение. Понекогаш лицата кои водат ваква канцелариска политика се асертивни, наметливи, преинтензивни и никој со нив не сака и нема желба да се објаснува. Во ваква ситуација, најдобро на ваквите лица е да им зборуваме директно, да се држиме до фактите и потоа да продолжиме со сопствените нормални активности надвор од областа на канцелариската политика.

Дали имаме можност за избор и опција во водење на канцелариската политика?

Од моето искуство во сектор продажба и работа во интернационални компании би сакала да ви пренесам дека секогаш сите ние имаме избор. Што се однесува до канцелариската политика, имате два основни избори. Може да продолжиме да бидеме дел од организацијата, да си ја гледаме својата работа држејќи јасен фокус на она што не сакаме и што сакаме да не опкружува во просторот во кој што ја вршиме работата и да си избереме да не се осврнуваме на ваквите проблеми. Или, можете да изберете да ја напуштите организацијата и да одите на друго место. Никој не е компетентен а и не може да ни кажува какво мислење треба да имаме. Изборот секогаш е потребно да е личен, наш.

Многу пати, потребно е да се оддалечиме од просторот во кој што работиме и да разгледаме објективно, пред да се одлучиме да направиме одреден избор во животот во поглед на работата. И верувајте, секој за себе ќе направи јасен и вистински избор. Без оглед на моменталната состојба или вашите чувства за каква било политика која се одвива во вашето работно опкружување , бидете свесни за говорот на телото и моќта на невербалната комуникација. Надоградувајте се себе си на ова поле. Вашето знаење и разбирање за оваа област ќе ви послужи не само во работата туку и воопшто во животот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.