ЈАВЕН НАСТАН

категорија: Јавни настани | 0

Проект: Самодоверба, Комуникација, Мотивација

Почитувани следбеници, со особена чест и задоволство ве покануваме на јавниот настан САМОДОВЕРБА, КОМУНИКАЦИЈА, МОТИВАЦИЈА кој ќе се одржи на ден Среда, 23ти Јуни 2021 година, со почеток од 18h, на локација ПАРКОТ НА СВЕТЛИНАТА. Овој настан е дел од проектот кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје го организира и реализира во соработка со Општина Аеродром.

Целта на проектот е давање поддршка на граѓанскиот сектор ( средношколци, студенти, младинци како и возрасно население ) пост-пандемиски преку модел на директно граѓанско учество во Општина Аеродром. Воспоставување на нов механизам за развивање и зголемување на граѓанската идентификација преку промоција, дружење, хуманитарна акција и јавно мотивациско говорење е новиот пристап со кој ќе ги изградиме капацитетите за подобар живот на граѓаните и нивно разбирање со цел успешно функционирање во заедницата.

Настанот ќе го отворат претставници на Општина Аеродром.

Програмата ќе започне со свечено отварање на настанот, потоа следи промоција на публикација НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА која е дел од проектот, јавно говорење на претседателот на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје, мотивациско говорење на претседателот на Европски Институт за менаџмент, право и дипломатија. Завршен дел од настанот се настапи на музички ѕвезди од македонската забавна и македонската традиционална музика.

Во текот на целиот настан ќе трае хуманитарна акција за собирање на донации за жртвите на семејно насилство кои живеат на територија на општината. Сите кои ќе донираат 100 денари, добиваат музичко цд од Верица Пандиловска, додека сите останати кои ќе донираат 200 денари ќе добијат примерок од публикацијата НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА. Собраните средства транспарентно ќе бидат распределени онаму кај што се најмногу потребни.

Ве очекуваме со позитивна енергија и добро расположение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *