Информација – повик за млади

категорија: Информации | 0

“Самодоверба, комуникација, мотивација“

Бесплатна едукација на средношколци, студенти и младинци од 16 до 29 години кои живеат на територија на Општина Аеродром

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје во соработка со Општина Аеродром објавува јавен повик на кој можат да се пријават млади лица кои се на возраст од 16 до 29 години и кои живеат на територија на општината.

Предност имаат млади лица кои се дел од социјално загрозени семејства, маргинализирани групи и сите млади лица кои се на оваа возраст и имаат желба и мотив да ги усовршат своите комуникациски вештини. Ќе ви помогнеме да ја пронајдете личната мотивација и инспирација, да ги усовршите своите комуникациски вештини, да се подготвите за интервју за вработување, да научите да креирате мотивациско писмо и тоа се со цел да ги подобрите своите способности за правилно развивање и насочување, успешно понатамошно школување, полесно вработување и давање максимален придонес во општеството.

За пријавување на проектот потребна е идентификација на лицето кое се пријавува за утврдување на местото на живеење.

Начинот на пријавување е со пријава преку директен линк: КЛИКНИ ОВДЕ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *