Од блиску со Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи

категорија: Интервјуа | 0

Го запознав на крајот на 2016 година. Сосем случајно, доколку воопшто може така да се каже. Зошто го велам ова? Од причина што во животот веројатно ништо не е случајно, се што ни се случува е со некоја цел и намена. Па да започнам од почеток. Ме покани да бидам изведувач на една конференција која што ја организираше Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија, во една сала за седници во познат скопски ремномиран хотел. Јас како и секогаш со својата екипа која што беше дел од техничката поддршка за настапи, дојдовме порано да се наместиме и да направиме тонска проба за мојот претстоен настап. Чисто информативно , од радозналост прашав на која тема е дебатата. Тој дојде и не покани да бидеме гости слушатели и да влеземе во салата. Со мојот сопруг се погледнавме и рековме секако, ќе ни биде чест и задоволство да ве слушаме. Веројатно ќе научиме нешто повеќе на темата која беше топик за дебатата. Од тогаш наваму станавме редовни посетители на јавните активности на институтот. Се спријателивме професионално и приватно со проефесорот. За кратко време, тој ни ја довери работата на институтот па така со текот на годините од идеја до реализација ги спроведувавме сите активности кои заеднички ги осмислувавме и реализиравме во интерес на граѓанскиот сектор. За себе можам да кажам дека навлегов во еден комплетно нов свет кој ми беше предизвик. Зошто? Бидејќи сакав да научам како да помогнам во заедницата и современиот живот, а тоа се разбира да биде на висина на задачата.

Почитувани читатели, гостин на мојот блог денеска кој со особена чест и задоволство од блиску ќе ви го претставам е мојот ментор, Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи. Професор по политички науки и дипломатија, емпат и експерт за говорот на телото. Еден од ретките луѓе кои се бават со говорот на телото како проблематика на овие простори.

Роден е во Гостивар во мешовит брак, мајка албанка и татко турчин професор по англиски јазик. Основното и средното образование ги завршува во Гостивар и потоа семејно се сели во Република Турција каде го завршува факултетот во Hacetepe university Ankara. Докторира на политички науки, и за брзо време станува и најмладиот ректор на универзитетот во Истанбул. Академска кариера по политички науки, како и менторирање, обука и настава на лидери и менаџери на блискиот и далечниот исток е дел од неговата работа низ годините. Како визитинг професор низ годините работи во: Euro College ( 2008 ), University Sarajevo (2010), University Mostar (2010-2011), Albanian Academy of Diplomacy (2014).

Во 2015 година станува претседател на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија во Скопје каде е и еден од основачите на институтот. На академска основа низ годините соработува со ред други универзитети како: UKIM Faculty of Law, Albanian University UFO , Wisdom University Tirana, Rezonanca University Pristina, Skopje Metropoliten College , Euro College Kumanovo, CUB-College University of Busines Tirana и други. По долги години академска работа ( сеуште ја работи ) се префрла во приватен сектор каде станува генерален менаџер на Singapore Airlines ( 2009-2010).  Во своето богато професионално потфолио може да се пофали со работа во Kale Celik Group. Turkey итн.

Ретко зборува за себе и семејството, својата кариера и работа, но верувам дека како негов ученик ќе го испровоцирам да ми одговори на сите прашања.

Во Македонија сте долги години, што видовте во неа, со што ве маѓепса и кој беше вашиот мотив да се вратите во државава и својот живот да го посветите на учење на луѓето, без оглед на тоа дали се работи за млади лица или возрасни луѓе над својата 40та година?

Во земјите каде што патував, Азија или западно европските земји никогаш не ме прашуваа луѓето кој сум, туку од каде сум. Секогаш постоеше тоа прашање, од каде сум? Секогаш кажував дека сум роден во една земја која што се вика Македонија. Со тоа што секогаш кога се враќам назад каде и да сум во светот, ме привлекува нешто волшебно, кое не можам да го објаснам. Тоа е некое чувство надвор од разум и некоја логика на објаснување, некоја вид на сигурност. Во било која друга земја, секогаш си странец. Или цел живот можеш да бидеш таму некаде, секаде и цел живот остануваш странец, каде и да си.

Пред периодот на пандемија, тие години додека одев и се враќав во Македонија ме мотивираа луѓето. Наидов на лица кои ме мотивира со своите чуства. Тоа беа пред се луѓето кои што имаа некои свои верби, желби, имаа визии и сништа. Знаеја дури и се! Се кажуваа дека учат од ју-туб. Примамливо, малку слатко и смешно, иронично го сфаќав тоа. Меѓутоа, видов дека луѓето имаа причина, едноставно и со изговори, со некое его и ароганција, покажуваа дека ете во тек се на нештата. Сакаат нешто да учат или знаат. Најтешкото беше да ги потсетиме луѓето дека знаењето е во дела, не е во кажани зборови. Ги поздравувам сите писатели и поети, но од реалната состојба на начин на живеење, сфатив дека моите луѓе имаат потреба на практични вештини и знаења. Тоа што е рутина во цел западен свет и во други големи континенти каде што луѓето имаат помалку прилика да се фалат, а повеќе да работат. Видов дека ни фали таа визија на помалку зборување, а повеќе дела.

Направивме едни мали чекори, не да им покажеме туку да ги научиме и потсетиме за некои човечки вештини, вредности, знаења кои што седум милијарди луѓе тоа го прават на оваа планета земја.

Имавме многу искушенија. Секако првиот приоритет за мене беше рушење на национални предрасуди, политички омрази, луѓе кои се делат поради неразбирање при НЕправилни комуникации еден кон друг. Иако секоја култура и етникуми во оваа земја си има некое волшебно и човечно во себе каде што со тек на години го криеја тоа во себе и тоа од недоволно знаење на комуницирање или опуштање во искреноста. Заборавија дека сите поседуваат нешто што се вика хумана човечност, тоа е мојата концепција за Македонија.

Можам да се гордеам со сите мои пријатели, луѓе, колеги, колешки, соработници кои никогаш не ме оставија да бидам сам во било кој јавен говор, во делот на мотивација и семинари, конференции, било која активност кога ја имав, дури и книгата кога беше промовирана на 2017 година ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО. Имаше доста луѓе кои што ме поддржаа, им благодарам на сенсот на разбирање, добрина и поддршка. Тоа ми даде мотивација книгата да се преведе на повеќе јазици. ГОВОР ТЕЛА беше книгата промовирана во Република Србија, GJUHA E TRUPIT во Академија на науки во Тирана, KÖRPERSCHPRACHE во Германија и Австрија итн. Сепак сум должен на таа мотивација на луѓето околу нас каде што имаат сенс и да разберат и да ја чувствуваат таа добрина. И нормално пораките кои ги испраќаа беа јасни!

Работевме којзнае колку на број семинари каде што сугериравме на лична надградба, интелектуална надградба кај посетителите покриена со скромност. Дадовме до знаење на сите оние кои не посетија за позитивното влијание и практикување на вештините на комуникација (вербална и навербална природа). И денес во екот на пандемија секојдневно имаме потреба да ги разбереме мимиките, емоции, гнев, бес или радост кај населението. Одамна не сме ја виделе реалноста во човековите очи, ни фали тоа да го видиме …..

И тоа ни помогна малку, таа надградба, напоменувам пред период на пандемија каде што сета таа енергија и позитива во луѓето одеднаш исчезна. Се чувствувавме некако заборавени, сите ние. На некој начин престана човековиот поглед очи во очи, престана таа насмевка. Се покривме со маски ( неразбирливи ) каде не можеме да ги видиме чувствата, ни тагата, ни очајот, радоста во луѓето каде што и тие тоа не можат тоа да го видат и во нас самите.

Јас сум со вас од 2016 година откако првпат ме поканивте на ваша конференција. Оттогаш наваму поминаа 
скоро четири години откако јас станав дел од вашата организација, учејќи и следејќи ве во секој чекор на 
она што го работевте како теми во однос на европските вредности, во контекст на евро интеграции, во 
контекст на целото она што беше дел од активностите на Европски Институт за менаџмент, право и 
дипломатија. 

Како ви изгледа тоа од денешна дистанца, некогаш и сега (тоа некогаш не беше многу далеку), што ви беше по интригантно и по-инспиритивно за работа, оние млади луѓе кои што ги трениравте за работа и обучувавте или пак можеби возрасната популација на население како дел од граѓанскиот сектор кои беа индивидуи кои се дел од воспитно образовниот кадар во градинките, во основните училишта, дел од високоообразовни приватни установи?

Народен Театар Битола 2019 година

Секако не можам да ги селектирам и да кажам дека се определив да работам само со младите. Младите се тие кои ја носат надежта и иднината во нас и ние во нив оти тоа го очекуваме. Ме инспирира и она секако менторско искуство во работа и склоп на образовните институции како што се градинки каде работевме со педагози, логопеди, социолози. Тука беа и голем број на одговорни училишта, учители, одговорни професори секако. Во делот на високото образование и универзитети работевме со неколку приватни универзитети и нивниот кадар. Во склопот на личната интелектуална, духовна и емотивна надградба, се со цел на подобра емоционална комуникативна интеракција со младите студенти секако.

Во овој период ни исчезна секако таа моќ на емоционална интеракција бидејќи се работи дигитално. Тоа дигитално секако покажува дека ние со нашите ресурси и комуникативни вештини некако исчезнуваме, како некој музеј. Тоа ни е јасно! Јасно ни и дека во многу блиска иднина луѓето не ќе можат емоционално да се изразуваат, било што. Со некоја дигитална порака ќе биде доволно да се изразат за се. Таа дигитална порака и дигитална иднина секако е нешто што не можеме никако да го запреме со нашите години на некој си вид на конзерватизам. Ние сме генерации навикнати на тој дел на социјализам каде што социјалните контакти беа лични. Се дружевме одевме во кино, знаевме што е уметност, култура, театар барем еднаш месечно. Ако ништо друго барем како најголеми лаици знаевме што е Мадам Батерфлај или ако не знаевме сме слушнале што е тоа, сме имале прилика да разбереме, видиме во живо што е тоа или пак да читаме. Културата беше повеќе еден вид на читање романи, книги, бестселери каде што младите луѓе во нивни раце гледаа книги, а не инстаграми или нешто што е асоцијално или нереално во вистинскиот свет, во делот на секојдневието. За жал денес стигнавме во период каде во година и половина, ние, нашите емоции и комуникација ја покажуваме со лајкување на некои лажни односно вистински социјални вредности.

Дали е ова според вас предност или закана?

Па би рекол дека према човечкиот фактор е закана. Дигиталната вредност поради подобра брзина на информации при комуникација, да. Иако тоа не е доволно вербалното изразување. Во најголем ефект доаѓа кај младите луѓе, во разбирање или емоционално разочарување. Се работи нешто дигитално каде што другата страна (ни тие, ни ние) не знаеме колку се вистинити тие луѓе што ги гледаме во тие профили и слики. Колку нивните карактери реално соодветствуваат со нивните слики и се вистински или не, тоа е дискутабилна тема. Тоа не е наше ние да го дискутираме во склопот, дали се вистинити или не. Меѓутоа, ќе речам дека при ваквиот вид на комуникација доаѓаат младите до голем вид на разочарувања.

Во склопот на доверба или верување на луѓето еден кон друг е тешко, бидејќи сме во период кога луѓето не се гледаат еден кон друг, очи во очи или немаат никаков концепт на надградување на таа емоција каде што таа емоција дава доверба и почитување. Секако, се што е дигитално во овој век, децата на милениумот се доста поинтелигентни и посентиментални од нас.

Меѓутоа, нашите информации се наоѓаат во период каде нашите генерации, барем во делот на образование, сите тие учители даскали од средно, основно, универзитети и до тие градинки, е многу битен фактор да имаме некоја си одвреме навреме тимска координација и советувања бидејќи ни фали таа прва линија на давање на одговорности на тие деца кои што се депресија и страв. Анксиозност појавуваат! Тоа е многу опасно!

Дали е ова поради дигиталните комникациски алатки?

Овие дигитални комуникативни алатки создаваат доза на интровертност. Создавање на опсесија, лажна слава дека се битни луѓето бидејќи ги има на инстаграм. Битни се, бидејќи некој ги лајкува. Тие мислат дека се авторитетни и дека влијае тоа на создавање на некоја лажна слава каде што ако така тоа е вистина и се декларира, излегува дека ние имаме повеќе славни луѓе отколку во Холивуд. Еве дадов една комично-смешна ситуација каде што луѓето мислат дека преку филтери се многу привлечни, многу убави, не треба да спортуваат. Дека не треба ништо што е реално да се работи. Дека треба цел ден да се лајкува, тоа е некоја си анти-социјална хипноза на неспособност. Создава депресија!

Он-лајн едукација 2020 година

Во делот на високото образование, апелирам до сите мои колеги и колешки, како и во средни училишта кај педагози и социолози, сите ние да наоѓаме некоја причина повеќе за комуникација. Да ги оставиме своите суети, знаења, некое наше его, дека ние сме нешто успешни и многу паметни. Мислам дека тоа време заврши. Секоја активност, интелектуална или човечка се прави заеднички, без чувство на искористеност, без чувство на искористеност, ароганција или игнорирање. Тие елементи, ароганција и игнорирање во светот како некоја си голема карта на седум милијарди луѓе, се претставува како неуспешност или слабост во човечката психологија. Очајот создава агресија и ароганција. Мислам дека е време за година и половина дена некако да еволуираме. Дали се работи тука за некоја си ментална или физичка изолација, стравови, болести, епидемии, вируси, да некако еволуираме во некое поголемо ниво на човечноста. Тоа ни фали!

Мотивациско говорење 2019 година

Секој ден кажувам дека ние сме сиромашни за ронка човечност. Ни фали тоа да го практикуваме ургентно во нашето секојдневие бидејќи животот ни е прекраток за да бидеме доблесни, суетни, арогантни и нема да имаме шанса во времето да се вратиме уште еднаш. Ако е така, тогаш сега е добро време да работиме на нашата лична, духовна и интелектуална надградба со развивање на поголема доза на емпатија. Времето на пандемија не треба да ни создава болест од страв на живеење, туку да развиеме лична храброст да го цениме нашето животно секојдневие што го имаме, секој момент бидејќи повторувам, тоа не се враќа! Ако е така тогаш треба да ја имаме таа солидарност која не треба да е напишана во некој поетски есеи туку да е имплементирана во некоја реалност во нашиот личен живот што го живееме. Ни фалат комуникации на еден кон друг, дозата на искреност и човечноста, нормално покриена со некоја скромност.  

Се наоѓаме во период каде што сите националности, култури и етникуми во нашата земја каде што сме родени, потребно е да учат многу бргу, при тоа да се запази моментот на имање солидарност и разбирање. И да се обединиме во човечките вредности. Моментално ова ни е најбитна особина во овој период на тешки ситуации каде што луѓето стануваат асоцијални, плашливи, несигурни во себе и немаат доза на верба ни во Бога ни во себе си. Имаме потреба да ги мотивираме со нивната добрина и да се надградуваме со реципроцитет.

Вие сте Проф. Д-р по меѓународно право и дипломатија, емпат меѓутоа, ваша специјалност на нашите и 
европски простори е невербална комуникација односно популарно наречено, говор на тело. Чинам дека 
говорот на телото не беше експлоатиран и обработуван пред вие да се појавите на македонската сцена. 
Октомври 2017 ја промовиравме книгата  ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО на македонски јазик, GJUHA E TRUPIT на 
албански јазик, KÖRPERSCHPRACHE на германски јазик, BODY LANGUAGE на англиски јазик како и ГОВОР 
ТЕЛА на српски јазик. Заеднички ги организиравме сите промоции и можев од блиску да видам каква 
беше заинтересираноста, реакциите на пошироката јавност, на публиката. Со македонската ГОВОРОТ НА 
ТЕЛОТО направивме промоции низ сите скоро градови низ Македонија, како и надвор од државата. 
Промоција на книгата ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО Октомври, 2017 година
Во Белград, Србија организиравме промоција на ГОВОР ТЕЛА во библиотеката Милутин Бојиќ, потоа една 
мала конференција и промоција во Zepter Apart Hotel. Бевме во Академијата на науки и уметности во 
Тирана, Албанија каде ја промовиравме книгата на албански јазик GJUHA E TRUPIT и многу други места 
на кои заеднички се одбидовме да направиме чекор напред и да промовираме нешто што до сега во 
Македонија не беше допрено како тема за обработка во ниедна форма. Од лично искуство можам да 
бидам искрена и да кажам дека претходно немав некои познавања, а и никој не ме поучи што е тоа 
говор на тело и како тоа ќе ми помогне, како треба луѓето околу себе да ги гледаме за да може тоа да 
ни помогне за да ги протолкуваме нивните мисли и нивните намери. Вие како есперт во таа проблематика 
заинтригиравте голем број на луѓе. Ова можам да го потврдам и низ бројки бидејќи ги водев сите 
евиденции и податоци за посетеност на сите активности кои ги имавме во текот на изминатите 
години. 
Промоција на ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО Октомври 2017 Хотел Александар Палас, Скопје, РСМ
Во моментов сме во Македонија, водиме еден неформален разговор кој верувам дека на голем број на оние кои не следат ќе им се допадне, воедно ќе ги инспирира на еден начин. Во овој контекст би ве запрашала, 
какво е сегашното ваше гледање за тоа што се случуваше. На кое ниво, на кое место сме ние со нашата 
свесност за да можеме да дискутираме на тема невербална комуникација. Тука зборувам за широка и 
општа популација на луѓе, или пак тоа ќе остане како дел од тема на стручни лица, луѓе кои што се бават 
како комуниколози, професори, магистри, доктори на науки, логопеди или дефектолози кои имале некаков 
допир со темава и невербалното. 
Еднодневна обука на медицинскиот персонал во Клинички Центар Скопје ГИНЕКОЛОГИЈА, Февруари 2020

Колку цените дека придонесовте, а и ние заедно со вас да се мрднеме од мртва точка и да ја поткренеме свесноста на луѓето дека постои нешто што се вика говор на тело. Што е тоа, како може да ми помогне да се вработам? Како може да ми помогне да бидам поуспешен во своето семејство? Како може да ми помогне да имам пријатели кои ги слушам, ценам и почитувам?

Пред се би сакал да ги пофалам сите тие супер херои кои ќе ги набројам и кои се. Во периодот пред пандемијата ние немавме информации и знаења за да видиме што ќе се случи после 2019 година. Не добивме некоја навигација за да ја подготвиме таа толпа на луѓе за ситуации кои што се одвиваат сега, денеска. Пропратени со ментални стравови, фобии што ги кажуваме или анксиозност и депресии. Тие супер херои беа секако дел од медицинскиот персонал. Ги поздравувам сите доктори, медицински сестри секој еден кој што има контрибут во оваа криза. Работат ден и ноќ, ноќ и ден да помогнат, надвор од професионалноста да направат се што можат. Исто, супер хероите се и лицата во образованието кои се дел од воспитно образовниот кадар кои помагаат во процесот на пандемија. Не мислам дека мисијата нивна е завршена, заедно со нас. Ние сега тек почнуваме и ја сфаќаме (ако до вчера не сме ја сфатиле) одговорноста кон сите млади луѓе кои не очекуваат само завршени студии, туку очекуваат практични вештини и способности.

Семинар Говорот на телото 2018 година

Сите тие млади луѓе во период на пандемија очекуваат многу од нас, а немаме информации за во иднина и не знаеме како ќе биде, кои божји искушенија уште ќе доживееме како обични смртници, меѓутоа знам дека ни е одговорноста многу голема. На сите тие млади лица во оваа дигитална ера им фали практични способности и вештини за да се интегрираат во сите меѓународни глобални маркети кажуваме пазари, каде што ќе се вреднуваат нивните способности и вештини за да опстанат и знаат да работат во свои професии, за да живеат и заработуваат. Тој елемент го разбирам сега како друга етапа и друг наплив на одговорности каде што сите интелектуалци, колеги и колешки мои во образовни институции или центри ќе имаат многу поголема обврска од самите себе си, да го дадат најдоброто бидејќи тоа се и нивни деца и наши, тоа се сите тие млади кои се во сите тие образовни установи, места во кои младите очекуваат.

Во овој период имаме мноогу поголема одговорност освен зум комуникација и дигитални апликации каде што доста млади луѓе ради некоја си причина, техничка или не техничка, немаат ни мотивација или свест за да разберат и слушаат во тие предавања од 35 минути преку камера каде на некој начин интернетот доаѓа или изчезнува. Имаме голем проблем во комуникација, особено во делот на технологија и пренесување, не на зборови, туку на знаења каде сите млади луѓе очекуваат некои импресии од воспитно образовниот или образовниот кадар.

Тука не се работи само за теорија на некое знаење. Очекуваат и емоционален импакт што се вика секојдневна мотивација или збор, како да бидеме заедно. Да не дискутираме и зборуваме тоа што медиите упорно изразуваат негативни информации, како треба да умреме, секој ден, година и пол дена наназад, туку како треба да живееме утре сабајле кога ќе отвориме очи. Што треба да направиме ние во нашите животи од утре за да бидеме подобри. Нашата ментална хигиена, да ја подобриме менталната хигиена на нашите роднини, деца, луѓе кои не опкружуваат нас и ние нив.

На постари лица секако им треба таа емпатија, говорот на телото како уметност, не би рекол дека е наука со некои страници каде што еволуираат.

Завршна манифестација во Музеј на Националната Борба, Ноември 2019 година

Дали мислите дека не разбраа што е говор на тело, невербална комуникација и колку мислите дека постигнавме во остварување на целта?

Недоволно. Јас едно сум им благодарен на сите тие луѓе, што и да не не разбираа или во суштина дел од нив разбираа, некои дури велеа дека знаат СЕ бидејќи виделе на ју-туб. Доаѓаа, не посетуваа во голем број, некои смешно се изразуваа па ми беше мило. Знаење СЕ во сите професии…. хм, и тоа беше еден вид на интеракција, и тоа беше некоја си врста на храброст да се изразат. Меѓутоа, не разбраа што предаваме ние! Тие ги покажуваа своите видови на невербални грешки каде што забораваа за што сме ние експерти. Тоа беше малку повеќе скромно од страна на нивното разбирање. Често пати се сеќавате, налетувавме на смешни ситуации каде говорот на телото како наука или уметност спрема мене е разбирање на човечките светови и емоции, не е изразување на сопственото его или сезнаење, тоа е погрешна перцепција. Ако ние изразуваме се што знаеме, разбираме се, имаме големи шанси да ги изгубиме сите тие што се околу нас и ни значат. Дури и тие луѓе кои се спремни да ни бидат наши пријатели во секојдневието, имаме големи шанси да ги изгубиме за цел живот. Така јас честопати сакам да кажам, ние немаме шанси за втора импресија. Секогаш првата импресија е многу битна.

Во нашите искуства во комуникација со различити луѓе, во приватен и службен живот, пријатели, колеги во нашата земја, сериозен проблем кој го согледувам е недоволно разбирање на комуникации на еден кон друг. Луѓето често сакаат да го изразат своето мислење, но никогаш не се спремни да го слушаат туѓото мислење или туѓите зборови. Најголема пречка во овие комуникации е тоа што ние се изразуваме селективно, дури селективни се и мислите на луѓето изразени со збор. Тука доаѓа до голем вакум и недоразбирање.

Ова не значи дека нашите народи и култури се лоши луѓе, далеку од тоа. Само сметам дека треба да се работи на тоа подобрување на разбирање на другата страна. Луѓето кои се наши соговорници , нивните болки, емоции, изразени вистини, што сакаат да искажат. Да кажат некој збор што треба да биде разбран. Ние често тоа невербално го игнорираме, можеби НЕ-намерно меѓутоа доаѓа до погрешни толкувања и разочарувања, како во приватниот така и во работниот живот. Дали се тоа институции, министерства или држава, најголемата проблематика во комуникации вербална или невербална, доаѓа од недоволно разбирање на емоции на народот, нивните чувства, нивните потреби се некако премногу селективно разбрани или доаѓа до политички крахови, погрешни разбирања и секако големи предрасуди кои што создаваат страв, омраза и ред други негативни појави. Доаѓа до негативни проблеми, кои може да се решат, а тоа е преку правилна комуникација.

Секако сметам дека овој вид на вештини е потребно се повеќе да се развиваат и во делот на дипломатија, која што не припаѓа на дел на бирократитијата туку и во дел на секојдневниот живот, како ние пред се е потребно да сме добри дипломати, да соработуваме еден со друг со сите можни култури, етникуми и националности во нашата земја. Одредените политичари работат очајно па за жал резултат на таа работа е создавање на национализам во една земја која што е мултиетничка. Преферираме да имаме европски интеграции и вреднување. Европските интеграции започнуваат прво со менталните и културолошки интеграции каде што престанува ограничување и предрасуди. Сепак ова е мојата визија кон мојот народ.

Сите националности и етникуми во оваа земја ги гледам во тие исти вредности бидејќи секогаш се потсетувам самиот себе си дека сум дел од таа маса што се викаат луѓе. Мислам дека имаме потреба сите ние да ги разбиеме тие Берлински ѕидови и наши локални кои што не ограничуваат да бидеме успешни во било кое поле. Дали се тие професионални институции и професии или пак во склопот на бизнисот.

Едукација на тема ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО, 2018 Славјански Универзитет Кампус Битола
После поминати години со Вас и вашата работа, во 2018 бевте иницијатор да ме поттикнете во оформување 
на нова граѓанска организација ЕУ ИНСТИТУТ Скопје која освен со промовирање на европски вредности ќе 
се бави со неформално образование? Следејќи ве низ годините наназад од Вас како мој ментор, навистина 
научив многу работи за кои што навистина претходно немав комлетни познавања. Најважното нешто што 
го научив е вашиот пристап со кој честопати ми велевте “Верица кој те спречува да го правиш тоа....“ Кое е 
вашето мислење во поглед на неформално образование наспроти формално образование? Претходно ја 
начнавме темата, но еве сега кажете ни малку подетално. Според оние истражувања кои што ги вршев 
изминатава година можев да забележам дека скоро секаде во светот, еве ќе го земам за пример големото кралство на Велика Британија како современ и софистициран образовен систем, каде што неформалното 
образование е имплементирано и интегрирано во системот и склопот на формалното образование и е 
всушност дел од една образовна целина која што претставува дел од процесот на едукација на млади луѓе 
во едно сериозно развиено капиталистичко општествено уредување. Дали кај нас сме барем блиску до 
разбирање на значење на терминот неформално образование? Низ годините наназад, во работата со вас 
и индивидуално увидов дека голем дел од младината и не знае што значи тоа. Дознава доцна, откако ќе 
добие неколку одбивања при интервјуа, да речеме за вработување. Пак ќе споменам дека вие некако ми 
врежавте во глава дека “не е страшно да не знаеш, срамота е да не прашаш, се информираш и научиш“. 
Во следен период имаме проекти кои што ќе ги работиме, а се исклучиво за неформално образование за 
подобар личен но и кариерен раст и развој. Какво е вашето видување? Направете една компарација 
некогаш и сега. 

Што да направиме за да им помогнеме на младите луѓе за да сфатат дека е потребно да поминат неформално образование за подобар личен раст и развој?

САМОДОВЕРБА, Народен Театар Битола 2018 година

Секако темелот (дополнување) на секој човек е периодот на формалното образование, уште од детството, едукацијата и развојот во делот на пубертет каде стигнуваме до еден дел на тинејџерите каде што имаат формално образованием каде што учат кој е главен град, и дека два плус два е четири, форма на навигација и знаење на историја и култура е многу важна работа во основни знаења и науки. Барање пасија после завршување на средно училиште и што потоа, што сакам јас да бидам се раѓа прашањето? Тука започнува таа прва етапа на барање себе си, младите луѓе тоа го бараат. Да сонуваат и да имаат визии за својата блиска иднина.

Дали е тука моментот во кој треба да им се вметне кариерниот развој?

Во периодот каде што младите луѓе се прашуваат или се бараат себе си и треба да го одлучат патот по кој што ќе тргнат и решат “што треба јас да бидам утре“? Дали треба да бидам нешто што бара тако ми или мајка ми или јас сакам да бидам нешто што не биле тие, го повторуваат тоа што не сакам јас? Се појавуваат големи проблеми каде што луѓето завршуваат студии или школувања, нешто што никогаш не сакале да го завршат и да работат, професии каде што се 90% лицата несреќни, го работат тоа бидејќи мора да работат, дали е тоа професија што ја сакаат или не.

Бизнис Колеџ, Тирана Албанија едукација на тема ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО

Да не заборавиме дека глобалниот свет е во промена во овие последни десет години. Меѓународните компании надвор од нашата земја, но и оние кои започнаа да инвестираат во нашата земја, со тие нивни меѓународни стандарди бараат вработени со стандарди, со искуства, знаења, вештини и пракса. Во првиот момент сите покажуваат курикулум витае, CV  каде што тие компании (кои не се државни) бараат практични искуства и работодавците налетуваат на празни листи или само диплома каде пишува завршено образование без имање на било какви други активности. Јас тие млади луѓе не ги окривувам, немале професионална пракса (стаж) за да видат дека не е доволно да се знае со зборови туку е потребно да имаат нешто повеќе. Голема одговорност во таа професија каде што ќе ја презентираат утре во таа компанија каде ќе бидат дел од нивните работни задачи. Значи ни фали комбинација на тие софт скилс во склопот на формалното образование. Вештини на лична надградба. Начинот на презентација на своите вештини и да научат, што е потребно освен диплома од формално образование. И тие да научат и ние со нив!

Потребни ни се практични вештини, со кои можеме да ги продадеме своите способности во потрагата на вработување во глобален капитализам. Личните вештини и способности ќе ни донесат бенефит за подобро вработување во лична полза на компаниите во кои ќе се вработиме. Работодавците бараат се поголеми способности, сакаат просперитет на своите вработени и напредок кон повисоки да речеме менаџерски фунции и одредени постигнувања и бонуси на вредности.

Кога ќе бидеме поспремни да ги прифатиме глобалните услови што ги поставуваат глобалните корпорации, компании и институции и ќе ги игнорираме велејќи дека ние се знаеме и умееме, секако ќе се претвориме во тоа што се вика стар Берлин. Но, берлинскиот ѕид е триесет и кусур години веќе срушен! Конзерватизмот и плашење од новости, тоа што е неизбежно во нашите животи се вика промени во било кој концепт, и многу брзо време во поминување на дигитална ера потребно е да сфатиме дека софт скилс– вештини, треба да ги комбинираме со нашите темелни знаења од формалното знаење бидејќи формалното образование недоволно не спрема за навигации и случување за нешто што се вика реалност. Реалните предизвици и искушенија во работата, во професиите не бараат само убаво изразување со терминологии и лексиконски изрази и општа култура туку бара и практични способности со нашата моторика, знаење или спремност на лична надградба, впивање на нови податоци во нашиот мозок и вештини кои што можат да ни помогнат само да одиме напред а не да одиме назад. Мислам дека тоа ни фали во сите овие млади генерации, сосе нас заедно.

Често цитирам дека, младите луѓе до 20 години се демократи, од 20 до 40 години се либерални, од 40 години нагоре стануваат радикално конзервативни каде што имаат мислење дека знаат се, не треба да се развиваат во напоредна форма и да еволуираат со нови знаења!

Ова е хендикеп во нашите генерации каде што треба да се бориме. Да работиме на нашата надградба, имаме луѓе околу нас спрема кои имаме одговорности, тоа се оние кои ги сакаме во секојдневниот живот,

Забораваме дека големината на зборот одговорност е навистина планина за тие луѓе што умеат да разберат и мислат дека секој збор што ќе го искажат во нивните животи е голема одговорност. Доколку не го исполнуваме кажаното имаме големи последици кон луѓето и кон човечноста.

Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи

Две работи се кои треба да ни се забранат да ги правиме на луѓето околу нас а и тие да ни прават на нам, политичари, влади и институции да не се играат со надежта на народот и со нивните сништа. Ова е мојата порака до сите политичари кои не умеат и едноставно не знаат како да комуницираат и да ги разберат луѓето околу нив што им веруваат и гласале за нив. Тоа значи дека и тие имаат потреба да имаат голема одговорност со ронка грижа на совест. Нека се подобрат во нивните комуникации. Нашите народи имаат потреба да бидат сослушани и разбрани. Тоа властите не го прават, сметам дека не знаат. Не е страшно и срамота сите ние нешто повеќе да научиме додека можеме да се поправиме. Можеме да се поправиме и ние како индивидуи, може да се поправи и нашата држава.

Сите околу нас е потребно да се поправиме без изразување на омраза и ограничувања.

Проф.Д-р Зендел Абедин Шехи

За крај кој е вашиот издувен вентил и вашата мотивација и релаксација?

Препорачувам често одење во природа. Јас својата секојдневна духовна испирација си ја пронаоѓам со често одење и посета во природа, да речеме на Матка, планинарење на Шар Планина. Љубител сум и на подводни вештини како што е скуба дајвинг па затоа сакам често да одам во Охрид кој ми е духовен извор на сопствена надградба. Додека бев млад се бавев и со боречки вештини кои и ден денес се трудам да ги одржам. Сакам да спортувам и во Градскиот Парк во Скопје или на кеј на реката Вардар. Најбитно од се што ментално и духовно ме исполнува е редовна трансцедитална медитација. Препорачувам секој еден во овој период да се обиде и да започне да ја практикува. Психофизичките тренинзи како дисциплина и стил на живеење многу ни се битни во нашиот секојдневен живот.

Ги поздравувам сите мои колеги, пријатели и следбеници сите оние кои беа покрај мене во сите места и градови каде држевме едукации, мотивации и предавања во овој период на тешки искушенија, да никогаш не престанат да веруваат во самите себе си и во Бог. Овие параметри се најмоќен фактор за да бидеме јаки за себе и одговорни за луѓето што ни значат.

Додека ние не се смениме самите себе си, господ нема да не промени!

За крај, на ова интервју човекот со визија и сон вели:

Имам еден сон кога еден ден сите граѓани ќе сфатат дека унитарноста и респектот на заедничките вредности ќе ги инвестираат во доверба и љубов каде што луѓето без предрасуди и омраза, без причина ќе научат со заеднички сили да ги победат сите препреки што ги ограничуваат да бидат дел од светот што припаѓаат.

Проф. Д-р Зендел Абедин Шехи

Интервјуто е авторизирано. Забрането е да се копира и реобјавува во целост или во делови, без дозвола од ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Вашите размислувања можете да ги оставите во коментари или да ни пишете на нашата електронска адреса. Ви посакуваме успешна работна недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *