Кога се работи за личната самодоверба понекогаш може да биде тешко да се најде мотивација за поставување цели за себе. Особено ако се чувствуваме несигурно во себе, а воедно и се грижиме што некој друг ќе каже за нас. Тоа воопшто не мора да бидат големи цели.
Да се научиме да создадеме можност и услови за реализација на мали цели.
Во овие услови на глобална пандемија и Ковид-19 криза во кои сите претстојниов период ќе го поминеме во удобноста на сопствениот дом, можеме да си оствариме мали цели. Да имаме ново хоби е исто така предизвик или да работиме нешто што сме сакале отсекогаш, а сме немале време за истото. Сега е вистинскиот момент. Пример секој ден да потрошиме по еден час посветувајќи се на учење на некој странски јазик. На некого можеби ќе му биде предизвик да почне и да готви, да проба некој нов рецепт. Секој според желбите и можностите. Овие фактори ќе придонесат да се чувствувате позитивни за себе.
Најдете нешто што сакате да го правите и направете и повеќе од тоа.
Секогаш фокусирајте се на микро-победи!
Мене барем така ме учеа и верувајте дека од лично искуство тоа дефинитивно помага. Создадете услови за да имате неколку микро победи секој божји ден. Тоа ќе ја зацврсти вашата самодоверба. Личната самодоверба ја градиме самите ние исто како куќа ставаме темели, градиме цигла по цигла. Создаваме своја куќа која потоа ја дотеруваме онака како што ние мислиме дека треба. Изборот е секогаш наш, личен сопствен. Малите нешта кои ги претвараме во лични микро-победи на дневно ниво ќе ни бидат потоа еден вид на отскочна даска понатаму во животот за многу поголеми нешта. Секогаш е потребно да бидеме горди на нив!
Ве молам секогаш имајте на ум дека никој од нас не мора да биде совршен и дека секој треба да ужива во себеси.
Доколку имате потреба од контакти со луѓе и конекции секогаш можете да не контактирате и да ни пишете. Ќе се погрижиме да бидете дел од нашата заедница. Ова ќе биде одличен начин да се запознаете со кои имате нешто заедничко.
Фокусирајте се на вашите позитиви!
Ние луѓето по автоматизам секогаш почнуваме да мислиме дека не сме добри во нешто.
Фокусот скогаш е потребно да го имаме кон себе.
Доколку немаме фокус на себе секогаш самите ќе се спречуваме да ги правиме сите оние нешта што ги уживаме. Ќе имаме кочници да пробаме нови работи, а тоа ќе не натера да се чувствуваме лошо за себе. Повторно ќе речам дека фокусот на микро-победи е важен.
Секој еден мал успех, колку и да ви се чини дека е мал потребно е да си го прославиме без да се потценуваме дека тоа не е е ништо, бидејќи факт е дека она што го правиме е микро-добро.
Некогаш некој ќе ни даде комплимент и тоа е супер, треба да го прифатиме и да се заблагодариме. Некогаш е добро и да си запишеме дека некој за нешто не пофалил. Така ќе имаме можност и да се потсетиме на истиот тој комплимент во ситуации во кои ќе се сомневаме во себе, а тој мал комплимент ќе ни биде дополнително гориво за нашата самодоверба.
Понекогаш е добро дури и да си направиме листа, кои работи ги сакаме кај себеси. Што ни се допаѓа кај нас самите? И ова е еден мал вид на поттик за лична самодоверба. Тука можете да ги вклучите аспекти на вашата личност, вашиот изглед и она што ви се допаѓа. Можете дури и да си ја прашате најдобрата пријателка или некој од семејството што им се допаѓа кај вас.
Фокусот на себе е навистина битен и корисен како таков кога се работи за креирање на лична самодоверба. Имањето на позитивен став кон себе си ќе ни помогне да ја подобриме самодовербата.
Напишете коментар