Секој од нас потребно e да има висока самопочит за себе, доколку сака да има квалитетен живот и добро ментално здравје. Ова кажано како теорија навистина звучи убаво но во реалниот живот и пракса сведоци сме дека граѓанскиот сектор во овие денешни услови на Ковид-19 и глобална пандемија се повеќе има ниска самодовеба, ниска самопочит. Доколку одредена индивидуа има ваков вид на чувства за себе, може да биде тешко да најде само-мотивација која ќе придонесе личноста да се грижи за креирање на сопствено, квалитетно ментално и физичко здравје. Честопати ние како луѓе знаеме да најдеме само-изговори дека немаме време за себе. Ќе најдеме време за се и сешто, повторно со само-изговори дека за себе не ни останува време. Да се запрашаме, зошто не ни останува време за работа на себе си? По дифолт ова не го ставаме на дневен ред бидејќи повторно се уверуваме себе си дека ни недостига време да се бавиме со себе. Некогаш дури може и да ни се случи да се чувствуваме виновни за трошење на времето кое би си го посветиле за себе. Мораме да имаме коноструктивен само-разговор во кој е потребно да си направиме приоритет на нештата, каде на дневен ред прво ќе се ставиме себе си. Ова е исклучително важно за нашата ментална состојба и подобрување на самодовербата.
Фактори кои влијаат на нашите чувства!?
Ќе констатирам дека фактори кои влијаат на нашите чувства и самодовербата има многу. Денеска ќе издвојам дел од нив. Поентата е само да се потсетиме на нив. Најдобро би било секој од нас да одвои кратко вереме, можеби додека го пие утринското кафе на пример и да размисли на оваа тема. Ова е еден вид на самоконтрола и самодисциплина. Да скренеме внимание сами на себе. Затоа, размислете како некои од следниве негативни фактори влијаат на нашето расположение и квалитет на живот. Да видиме како секој од нас се чувствува и што е она што може да го наприви за себе за да се подобри, да направи позитивна промена кон подобро. Секако избегнувајќи секаков вид на негативни влијанија.
Фактори:
- Стрес
- Спиење
- Движење
- Храна
- Лекови и алкохол
Стрес
Фактор стрес е причина за ниска самодоверба. Лицата кои имаат ниска самодоверба генерално се во континуирана стресна состојба. Доколку правиме континуиран притисок сами на себе, предизвикуваме и дополнителен стрес на нашето тело. Тоа го активира хормонот кортизол кој што е исклучително лош за нас и нашето здравје. Затоа пожелно е да не поставуваме преголем притисок врз себе. Некои светски истражувања дури укажуваат на фактот дека и лоша мисла кон друг субјект пркоси на нашето тело. Значи во ситуација кога некој од нас размислува негативно за некој друг, сам на себе си прави противуслуга.
Спиење
Важен фактор за нашето тело и нашата лична самодоверба е секако и спиењето. Премалку сон или пак можеби премногу сон може да има големо влијание врз нашите чувства. Како и за се во животот и за сонот треба да сме умерени. И тој во одреден процент допринесува и влијае на самодовербата.
Движење
Движењето на нашето тело е влијателен фактор на нашето физичко и ментално здравје. Во денешни услови на глобална пандемија и зимски период, сведоци сме дека имаме ограничени можности за движење. Практикувањето на некаков вид на било каква физичка активност може да ни помогне во подобрување на личната самодоверба. Секако важно е да знаеме дека спортот е најдобрата козметика за нашето тело. При активно движење и изложеност на пример на сончеви зраци лачиме хормон серотонин кој е хормонот на среќа. Инспирира, дава доза на позитивна енергија која пак делува позитивно врз нашето тело и создава позитивно влијание при креирање на личната самодоверба.
Храна
Кога е во прашање храната, пожелно е да се само-познаваме и да знаеме што е она кое му годи на нашиот организам и при каков внес на храна како се чувствуваме. “Храната може да биде нашиот отров или нашиот лек“. Познатата мисла на Хипократ таткото на медицината. Нутриционситите се оние кои даваат точни параметри што е она што придонесува кон креирање на квалитетна лична самодоверба кога е храната во прашање. Факт е дека на сите нас првенствено ни јадат очите, сакаме се што не е препорачливо да се консумира. Масти, сложени шеќери, сол, брашно, пржена храна и што уште не…Но, со креирање на лајф стајл кој подразбира балансирана исхрана ќе придонесеме да и преку храната креираме позитивно влијание , воедно позитивно да вијаеме на личната самодоверба.
Лекови и алкохол
Ова се фактори кои е потребно да ги змеме во предвид кога се работи за самодоверба. Сите ние сме имале моменти во кои поради одреден вид на болка сме морале да користиме медикаменти. И тоа е до некаде во ред. Но во денешниве услови на глобална пандемија сведоци сме дека по линија на послаб отпор населението посегнува по секаков вид на лекарства ( кои во голем дел луѓето ги користат на своја рака, без никаква лекарска препорака и контрола ) и секако алкохол. Како стимуланс за опуштање, сите сакаме по една чашка квалитетно вино и слично. Но, значителна бројка од населението во овие кризни моменти посегнува по зголемени количества на алкохол. Ова е знак на ниска-самодоверба и е потребно челична воља и поддршка од семејството и околината да се надмине како проблем. Заклучокот е дека во ниеден случај пиењето на алкохол, неконтролираното земање на опијати нема да ја зголемат нашата самодоверба. Овие супстанци имаат негативен ефект врз нашата ментална благосостојба.
За повеќе информации, едукации на оваа но и останати теми можете да не следите на нашата веб страница во обуки и позитивно влијание во заедницата.
Сите ваши размислувања на оваа тема можете да ги споделите подолу во коментари.
Напишете коментар