Потреба

категорија: Мотивација | 0

Прва фаза за состојба на организмот во циклусот на мотивација

Секоја потреба претставува одреден дефицит, недостаток на нешто. Ако ги разгледуваме потребите кои секој од нас ги има ќе видиме дека тие изгледаат како низа на скали, каде што една потреба води кон друга додека не се постигне целта. За секое наше однесување кое ќе го насочиме кон одредена посакувана цел, потребата е првиот услов односно стимулирачки фактор.

Секоја напрегнатост во нашиот организам во моменти кога сме лишени од одредени забрани или да речеме од основни животни потреби како што се недостаток на сон, храна, вода и во нашиот организам кои всушност претставуваат баланс и рамнотежа, предизвикува дисбаланс или нерамнотежа во нашето тело. При ваква состојба во организмот, предизвиканата нерамнотежа го буди нашиот организам да го врати сопствениот баланс и рамнотежа во него. Затоа се вели дека потребата е првиот услов, стимулирачки фактор за мотивација.

Пред одреден период го читав Abraham Maslow, еден од десетте најцитирани психолози на дваесеттиот век, кој е познат по креирање на хиерархијата на потреби кај еден човек. Се работи за теорија на психолошкото здравје кај човекот која предвидува исполнување на вродените човечки потреби и кулминира во самоактуелизација.

Професорот ме одушеви со тоа што ја истакна важноста да се фокусираме на позитивните квалитети кај луѓето, наспроти спротивното, а тоа е на нив да гледаме дека всушност претставуваат „вреќа со симптоми“. Во својата академска работа имал сопствени идеи како подобро да го разбере човековиот ум. Својата нова дисциплина ја нарекол хуманистичка психологија.

Професорот вели дека потребите на човекот наликуваат на низа на скали каде што една потреба води кон друга се додека не стигнеме до посакуваната зададена цел. Еве еден пластичен пример за сето ова кое до сега го говорев.

Ако сами себе се запрашаме зошто јадеме, самите ќе си одговориме бидејќи сме гладни. Ова ни дава една слика за одредена мотивација. Мотивирани сме да јадеме бидејќи чувствуваме глад. Самото ова не наведува и да размислиме зошто престануваме да јадеме или зошто повторно сме гладни? За да го добиеме одговорот на сите овие прашања потребно е да се запознаеме со терминот хомеостаза и кој е неговиот принцип на делување кај нас луѓето.

Хомеостаза претставува процес на одржување на нашата внатрешна рамнотежа односно сите метаболички и хемиски процеси кои се одвиваат во организмот потребни за квалитетно функционирање.

Ваквата рамнотежа која е потребно да биде воспоставена во нашиот организам е одговорна за воспоставување на квалитетно здравје на човекот. Доколку ја изгубиме ваквата внатрешна рамнотежа во нашето тело практично самите себе си, си предизвикуваме лошо здравје.

Доброто, квалитетно здравје во нашиот организам вклучува правилна рамнотежа во нашите метаболитички процеси кои се количина на кислород во клетките на нашето тело ( особено во мозокот), температурата на телото, количината на шеќерот во крвта, количината на вода во ткивата на нашето тело итн. Во ситуација кога се губи рамнотежата на овие елементи и процеси во нашиот организам се пореметува хомеостазата, па така нашите телесни механизми ќе започнат со враќање на изгубената рамнотежа на организмот превземајќи акција.

Да дадеме еден пример

Што се случува доколку во нашето тело се појави жед како потреба? Во ситуација кога нивото на водата во нашето тело и клетките ќе се спушти, ние велиме дека нашето тело е во состојба на потреба. Во ситуација кога имаме потреба од вода ова моментална состојба кај нас ќе предизвика и поттикне напнатост и вознемирување. Ваквата потреба како сигнал ќе биде испратена до нашиот мозок кој ќе испрати сигнал до мускулите кои го активираат нашето тело. Ова значи дека започнува одредено барање насочено кон одредена цел. Ваквиот однос ќе продолжи се додека не ја задоволиме (постигнеме) нашата потреба. Задоволувањето на оваа потреба ќе ја врати хомеостазата и тоа се додека не се појави некоја следна потреба и не започне некој нов циклус. Задоволството од потребата ќе го елиминира нагонот и ќе ја врати хомеостазата, и тоа сè додека не се појави следната потреба и не започне друг циклус.

Фази на циклусот на мотивација

Од се она кое до сега го говорев можеме да констатираме дека циклусот на мотивација вклучува три фази:

  • состојба на потреба во организмот
  • акцијата е насочена кон однесувањето
  • постигнување резултат, елиминирање на потребата и обнова на хомеостазата

ISBN 987-608-4880-04-2 Материјалот е авторски! Секое реобјавување мора да е во согласност со авторот каде јасно ќе биде ставен изворот на текстот.

Проект на Општина Аеродром и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Медиски партнер Битола Њуз. Фотограф на насловна фотографија: Саша Тодоровски, креатива на останати фотографии ЕУ ИНСТИТУТ Скопје.

Користени материјали од истражувања на PhD Abraham Maslow

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.