Промоција на публикација: Невербална комуникација

Почитувани следбеници, со особена чест и задоволство ве покануваме на промоција на првата книга за Невербална Комуникација од македонски автор Верица П. Гичева напишана на македонски јазик. Промоцијата на книгата ќе се одржи на ден Среда, 23ти Јуни со почеток, во 18ч, во ПАРКОТ НА СВЕТЛИНАТА во Општина Аеродром, локација на УЗ СТАР АЕРОДРОМ, ул: Васко Карангелески бб ( описно, спроти игралиштето Сан Сет).

Оваа публикација е првата од проектот Самодоверба, Комуникација, Мотивација кој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје започна да го спроведува во соработка со општината. Следат уште две други публикации кои се дел од проектот и ќе бидат објавени во следните три месеци.

По повод промоцијата на публикацијата и отворање на проектот Самодоверба, Комуникација, Мотивација книгата ќе биде достапна за граѓаните по симболична промотивна цена од 200 денари. Сите собрани средства ќе бидат усмерени кон проектот наменет за жртви на семејно насилство. На оваа хумантарна акција ќе биде овозможено секој граѓанин да донира 100 денари а за возврат ќе добие музичко цд од Верица Пандилоска со популарна авторска македонска музика.

Настанот ќе го отворат претставници од општината.

Во склоп на проектот ќе се одвива и мотивациско говорење како прв чекор во периодот кој следи после глобалната пандемија и Ковид-19 криза. Настанот ќе заврши со музичка програма каде учество ќе земат еминентни македонски музички имиња од македонската забавна и народна музичка сцена.

Веруваме дека ова е почеток на нова етапа од нашите животи каде сите заедно се враќаме во нормалниот мод на функционирање. ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и Општина Аеродром ќе им овозможат на граѓаните на општината нов рестарт каде заедно ќе бидеме општествено одговорни и хумани, ќе се надградуваме и ќе ги зајакнеме капацитетите на граѓаните преку надворешна мотивација.

Повелете на настанот и бидете причина за позитивна промена во вашите животи. Ве очекуваме со позитивна енергија и добро расположение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *