Самодоверба

категорија: Самодоверба | 0

Почитувани читатели,

По успешната соработка на проектот “Комуникациски Вештини“ и по барање на читателите а се разбира на мое големо задоволство, повторно ќе се дружиме преку циклус на статии кои редовно ќе ги објавувам на овој блог. Верувам дека на ваков начин позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија. Преку неделни објави на овој блог ќе зборуваме за самодовербата како важен дел од животот на секој еден од нас.

Мојата маленкост и ЕУ ИНСТИТУТ Скопје како активни чинители во општеството, даваме фокус на основната цел е а тоа е да внесеме дополнителна доза на позитивизам преку креирање на здрава самодоверба и позитивна енегија кај сите граѓани.

Денеска живеееме во време на Ковид-19 криза и глобална пандемија која придонесе луѓето да имаат расколебана самодоверба. Наоколу секојдневно гледаме комплетно несигурни лица кои се производ на самата неизвесност предизвикана од немирот во себе кој е резултат на денешната криза.

Верувам дека преку овие неделни објави на овој блог ќе ви покажеме пат, како да стекнете самодоверба, како да го победите стравот, заеднички како да научиме да бидеме посамоуверени и да се ослободиме од негативните влијанија и механичките блокади кои не спречуваат да бидеме успешни во животот.

Мотивацијата за овие статии ми беа сите оние кои секојневно ги среќавам во моето опкружување и се со уплашен поглед кој зрачи страв и интровертност.

Затоа, мојата цел на пишување на овие статии е позитивно да влијаеме на себе. Па ајде заедно да научиме да се подобриме себе си и да бидеме успешни!

Читајте не секоја недела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *