Што е самодоверба?

категорија: Самодоверба | 1

Во денешната прва објава на оваа тема најнапред би дала една општа дефиниција за поимот самодоверба.

При моите истражувања дојдов до интересни податоци на оваа тема од кои како дефиниција би го издвоила следново.

Во психологијата, терминот самодоверба се користи за да се опише целокупното чувство на личноста или личната вредност.

Со други зборови кажано, самодовербата значи колку сме сигурни во себе, колку се цениме и сакаме себе си. Верувам дека секој од нас се цени и сака себе си во помала или поголема доза. Некогаш е итересно што несвесно многу пати себеси се забораваме, се ставаме на последно место. На сите нам некогаш ни се случило да имаме доза на ниска самодоверба. Причините за ваквиот вид на чувство се најразлични и сигурна сум дека ги има многу. Самодовербата и самопочитта се тесно поврзани една со друга. Па да видиме, како би ја дефинирале самопочитта.

Што е самопочит?

Многупати самодовербата се нарекува и самопочит и може да биде важен дел од успехот.

Самопочитта суштински е особина на личноста. Ова всушност значи дека има тенденција да биде стабилна и трајна.

Што вклучува самопочитта?

Нашата самопочит вклучува различни верувања кои ги имаме за себе. Кои се тие? Да речеме тоа е како ние го цениме сопственото однесување, како го проценуваме сопствениот изглед, како го проценуваме нашето верување за нештата, какво гледиште имаме за сопствените емоции и на крајот на краиштата како го карактеризираме и цениме нашето лично однесување.

Зошто е важно да имаме самодоверба?

Основата на самодовербата и самопочитта е дека играат клучна улога во нашата мотивација во текот на целиот наш живот.

Доколку немаме самодоверба, тоа може да значи дека ќе назадуваме во работата и животот од причина што нема да веруваме дека сме способни за успех.

Поентата на моето говорење денеска е дека потребно да имаме здрава и квалитетна самодоверба која сами ќе ја изградиме.

Самодовербата и позитивниот став ќе ни дадат ветер во грбот, ќе го придвижиме нашиот живот во позитивна  насока. Самодовербата е потребно да биде наш наметлив став и верување дека ние можеме да ги реализираме и оствариме нашите замислени цели.

Самодовербата придонесува на вербата во себе.

Некогаш е добро да се сконцентрираме и да излеземе самите од себе за да се погледнеме со очите на другите за да ја согледаме реалната ситуација за себе. Какви сме, каков е нашиот однос со самите себе си и околината во која живееме, функционираме и работиме. Ова знам дека е предизвик. Доколку сме ментално здрави, секогаш сме способни за ваков вид на ментална гимнастика.

  1. Stanislav Petkovski

    Poimot samodovebe cesto go opisuvaat so dodatni poimi koi se vrtat vo krug. Deluva deka na citatelot mu se objasnuva toa sto e samodoverba, se objasnuva so samopocituvanje, verba vo sebe, pozitivna nasoka na deluvanje,cuvstvo na licnosta i slicno. Na slicen nacin i po mene tnr “recept” knigi ja izednacuvaat samodoverbata kako vestina, a ne e, i nudat nekakvi si tehniki i veruvanja koi na pocetok deluvaat kako motivaciski govor i … tolku. No, ludjeto sakaat za toa taka da citaat i veruvaat. Realno i pragmatichno, samodovetbata raste so nivoto na znaenje (no i so amatersko ne znae deka ne znae) so zivotni situacii vo koi individuata ima priznanija za svoite sposobnosti i karakteristiki od ludjeto okolu. Prvi i najaki so vlijanieto se roditelite, semejstvoto i bliskite, a toa gradenje e razlicno za razlicni socijalni konteksti. Vo poedini slucai, poedinci koi “manifestiraat” golema samodoverba, vsusnost deluvaat sociopatski, a vestinite koi gi koristat gi primenuvaat bez griza na sovesta. Ima uste mnogu na ovaa tema, na primer poimot na mok i samodoverba, no za sega tolku.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.