Започнете ја 2021 година со практични совети за подобрување на личната самодоверба

категорија: Самодоверба | 0

Новата 2021 е пред нас. Зад себе ќе оставаме година која ни го смени менталниот склоп, чувствата и комодитетот. Глобалната пандемија ни креираше предизвик кој придонесе сите ние да се замислиме како до сега живеевме а како од сега натаму ќе функционираме и егзистираме. Многумина ги изгубија работните места што е исто така демотивирачки за секој еден кој се најде во ваква ситуација ( а ги има многу вакви ). Уште по поразително е што многумина од нас ги изгубија и своите најблиски поради Ковид-19. Накрактко кажано, самодовербата во општеството доби стаклени нозе. Секој од нас на моменти има сомневања за себе и својата самодоверба. Кризата предизвика чувство на несигурност и демотивираност. Кај одреден мал број од населението личната самодоверба остана на високо ниво ( што е за поздрав и супер како лична мотивација ). Кај некои идивидуи личната самодоверба се намали ( и ова е навистина разбирливо согледувајќи ја реалната ситуација во замјава но и глобално ) а кај други пак по линија на послаб отпор скоро и да ја снема, не остана ни грам самодоверба.

Инспирирана од случувањата во земјава и светот решив да издвојам неколку клучни мотивациски точки се со цел да поттикнам позитивно влијание и верба дека секој еден од нас може да се мотивира и да ја подобри личната самодоверба. Тука ќе напоменам дека поентата не е сега само да се мотивираме туку да најдеме начин како таа мотивираност и самодоверба да ја одржиме во континуитет. Затоа издвоив неколку клучни точки кои секој еден може да ги практикува.

Ќе издвојам неколку лични препораки кои е пожелно да ги практикуваме за да ја подобриме личната самодоверба.

  1. Бидете добри сами за себе
  2. Не се споредувајте со никого
  3. Размрдајте се, движете се
  4. Бидете најдобрата верзија од себеси
  5. Запаметете дека никој не е совршен
  6. Знајте дека сите грешиме
  7. Дадете фокус на она кое можете да го промените
  8. Направете го она кое ве прави среќни

Да бидеме фини сами со себе е секогаш одличен начин да ги отстраниме негативните размислувања. Да не се само казнуваме. Да не си правиме на себеси она што несакме да му го правиме на друг!

Да не се споредуваме со никого. Да се фокусираме на соспствените цели и размислувања. Нема потреба да се мериме со некој друг. Никој не сака вакви непотребни притисоци во својот живот. Тоа е премногу деструктивно да си го правиме на себе. Сите сме уникатна верзија од себеси!

Движењето, вежбање или било каков тип на физичка активност ќе ја испразни нашата негативна енергија. Телото ќе ни го ослободи од ендорфин и одлично е како мотивација за достигнување на одредена цел која ќе си ја поставиме. Што е најважно после било каква физичка активност ќе се чувствуваме препородени.

Нема совршени луѓе. Многупати во моиве блог излагања повотрувам дека секој од нас треба да направи совршена верзија од себеси. Но мораме да прифатиме дека нема совршени луѓе!

Сите ние правиме грешки. Како што рекле старите учиме на нив. Најдобро би било да учиме на туѓите грешки ама во реалниот живот 90% од нас учат на сопствените грешки. Донекаде можеби е исправно да грешиме за да научиме нешто повеќе за животот.

Фокусот во животот е битна работа. Да се фокусираме на она што можеме да го промениме! Да ја фокусираме сопствената енергија за да ги препознаеме работите кои можеме да ги смениме и се под наша контрола. Да видиме, идентификуваме што можеме да направиме со нив.

Да го првиме она што не прави среќни! Среќата е избор! И да, сите ние бираме да сме среќни! Ако трошиме време на работи кои во кои што уживаме, сигурна сум дека ќе размислуваме позитивно.

Да празнуваме мали нешта, микро-победи кои се одличен начин да изградиме доверба и добро чувство за себе.

Да бидеме другари. Во добро и лошо. Секогаш! Ако сме внимателни кон оние кои ни значат ќе ни се подобри расположението и ќе се чувствуваме одлично.

Опкружете се со луѓе кои ве сакаат. Креирајте тим со кој ќе ги реаизирате вашите цели. Избегнувајте лица од кои лошо делуваат на вас и ќе активираат негативност наоколу. Тие се канцер. Отстранете ги од вашите животи!

Сакајте се. Љубовта е волшебна и е привилегија која може секој од нас да ја има.

Од се срце Ви поскаувам здравје, среќа и успеси!

Среќа Нова 2021 година!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *