Меѓународниот ден на жената како празник има само симболичен статус. Клучна цел на овој ден е симболичната прослава на достигнувањата на жените и зголемувањето на нивната видливост во општеството.
Жената, која е таа?
Онаа која со храброст и издржливост се соочува со секојдневни тешкотии.
Кое е нејзиното главно оружје?
Насмевката, челична волја и самомотивација.
Како се соочува со своите проблеми?
Вешто ги крие своите грижи во срцето. Секогаш наоѓа начин да успее.
Во друштвениот живот овој празник во себе содржи протест и корени на политички активизам. Во годините зад нас постоеја големи полови разлики, дискриминација на жената во секој поглед како и многу мала вработеност во индустриски развиените земји. Денеска сеуште имаме слични облици на нееднаквост во општеството, сведоци сме дека сеуште постојат маса на жени кои работат за многу малку пари и во несоодветни услови….. Како жени потребно е да сме посвесни дека мораме континуирано да лобираме за сопственото право на глас како би постигнале позитивни промени во општеството на оваа тема. Феминизмот не е да се прават силни жени. Жените се веќе силни. Станува збор за промена на начинот на кој светот ја перцепира таа сила.
Историја
Идејата датира уште од почетокот на 20 век. Првата меѓународна конвенција на жените е одржана 1910 но без прецизирање на точен датум. Веќе на 8ми Март 1913 година жените ширум Европа почнуваат да одржуваат мировни собири. Прославите по повод овој празник оживуваат во 60-тите години заедно со промоцијата на феминизмот. Овој празник во ниедна земја на запад не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите Нации од 1975 година, 8ми март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.
Денеска 8ми Март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. Македонија е една од ретките земји во кои се празнува овој празник.
Бидете силни на сите предизвици кои ни ги задава животот. Жената е потребно да се почитува и сака 365 дена во годината. Жената во која било форма треба да се слави со почести, било да е тоа, сестра или жена или мајка или која било друга форма. Затоа драги мајки, баби, девојки да оставиме личен печат за да не бидеме заборавени.
Во име на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје на сите жени им го честитаме меѓународниот ден на жената, одбележување на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Напишете коментар