Јога во седечка положба

категорија: Uncategorized, Јога | 0

Почитувани следбеници, верувам дека се одморивте и наспавте. Денешното утро ни донесе светол и помалку студен ден. Фебруари како месец ни овозможи за првпат оваа година да почуствуваме вистинска зима со снег на кој сите ние му се израдувавме. Знам дека вакво ладно време придонесува за релативна физичка забавеност на нашата мускулатура во утринските часови. Затоа, ова утро ние го имаме вистинското решение и раздвижување за вас и вашето тело со часот по јога на Ана. Да си направиме удобна средина во нашиот дом за јога вежби. И знаете уште што? Дококлку ние самите не се решиме на ваков чекор, никој друг тоа нема да го направи за нас! Мојот чај е спемен, видеото на Ана е тука, па да започнеме со вежбите.

Вежби во седечка положба. Овој сплет на вежби е дизајниран така што сите вклучени асани се изведуваат во седечка положба. Положбата треба да биде удобна и стабилна. Особено е важно да се заземе удобна и стабилна положба на подот, а по потреба да се употреби перниче под задникот.

Активно јадро за исправен рбет

Работиме на благо растегнување и зајакнување на мускулите на горниот и долниот дел од телото посебно. Нежна активација на абдоминалните мускули ќе ви помогне да го задржите рбетот исправен и во неутрална положба.

Отворени гради, раздвижени раменици

Во првиот дел од видеото со класични јога положби ги раздвижуваме рацете и рамениците, ги отвораме градите, го движиме рбетот во сите насоки. Ова е особено важно доколку минуваме долго време работејќи на компјутер, на пример. При тоа рамениците и горниот дел од рбетот се заоблуваат нанапред, градниот кош, условно кажано, се затвора, а дишеме субоптимално. Сето ова, пак, се одразува негативно на целокупната состојба на телото и умот. Со ротација и латерално истегнување, работиме на одржување на природниот опсег на движења во рбетот, а дополнително делуваме на мускулите на страните на торзото и нежно ги зајакнуваме абдоминалните мускули.

Опуштени бедра и нозе

Вториот дел од видеото е посветен на колковите, бедрата и мускулите на нозете. Овие вежби имаат потенцијал делумно да ги неутрализираат негативните последици од долготрајното седење или стоење.

Со селекција од положби работиме на внатрешна и надворешна ротација на бутните коски во колковите, растегнување на мускулите на задниот дел од нозете, глутеалните мускули, особено оние на надворешната страна на колковите, како и мускулите во внатрешната страна на бедрата.

Овој сплет можете да го практикувате во целост или посебно горниот и долниот дел од телото, зависно колку време и енергија имате на располагање. Горен дел – https://youtu.be/B1Bh5g_NYxg Долен дел – https://youtu.be/rnLbrPOLgTU Како и да одберете, вашето тело и ум ќе ви бидат благодарни.

Ви посакуваме пријатен работен ден. Можете да не контактирате и да ни пишете за вашите искуства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *