Научете да практикувате физички и ментални вежби кои илјадници години ги привлекуваат луѓето ширум светот
По мониторинг и евалуација на состојбите од Ковид-19 увидовме дека сериозно голем процент од граѓаните во РС Македонија имаат потреба на ослободување од стрес и од физичка активност. Верувам дека ќе се согласите со мене кога изјавувам дека стресот стана сериозен проблем од загрижувачки и глобални размери во услови на ковид криза и глобална пандемија. Многу од членовите на нашето семејство, пријатели, колеги, соседи, познаници имаат сериозен хроничен стрес, проблем со кој не можат да се справат. Покрај тоа, во нашата култура некако стана „добро“ да е се под стрес затоа што тоа значи дека си зафатен. Секако стресот во никој случај не е „исправен“. Тоа е сериозен удар за здравјето.
По тој повод решивме следните месеци да ви овозможиме бесплатна поддршка преку он-лајн совети/работилници и јога вежби креирани за вашето здравје. Ќе ви помогнеме да ги надминете своите бариери и да креирате здрави животни навики. Преку он-лајн видеа и совети креирани за вас ќе ви ја претставиме Јогата како дисциплина.
Како здружение на граѓани секогаш промовираме лица кои се соработници на ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и се стручни во својата област. По тој повод ќе ви ја претставиме Ана Симоновска ( експерт по јога ) која преку внимателно креирани јога вежби за вашето тело ќе ви помогне да ги активирате сите мускулни групи без да одите во вежбални и при тоа да направите баланс на вашето физичко и ментално здравје. Повеќе за Ана ќе можете да прочитате во интервјуто кое го направивме по овој повод а ќе биде објавено во следната блог објава на оваа тема.
Поентата на овој проект е додека трае глобалната пандемија да научиме нешто ново, нешто повеќе за јогата, при тоа да сме безбедни и заштитени без ширење на Ковид-19 вирусот и секако сместени во удобноста на сопствениот дом. Потребно ни е инспирација, желба, добра воља и мотивација. Програмата е перфектно конципирана и е погодна за сите категории на граѓани. Не е битно колку години имате бидејќи сите вежби се наменети за почетници. Секако ќе опфатиме и ранлива категорија на лица кои исто така ќе можат да ги практикуваат овие вежби.

Нашата мотивација за оваа клучна цел е да ги поттикнеме поединците кои се во карантин, самоизолација и сите останати заинтересирани кои работат од дома и немаат никаква физичка активност. Со наша поддршка и помош физички да се активираат, ментално да се смират и фокусираат и да ги остварат своите потенцијали. Кратко кажано да се носат со нормалниот животен стрес предизвикан од новонастанатата пандемија и да можат и покрај тоа да работат продуктивно на себе.
Крајната цел на овој проект е ние како граѓанска организација да дадеме придонес во општеството и вас да ви помогнеме кон подобрување на креирање сопствено квалитетно физичко, психичко и ментално здравје кое е дел од општото здравје. Здраво граѓанско општество значи и здрава држава.
Убавината на јогата е во тоа што не мора да бидете јогини за да ги искористите придобивките. Без разлика дали сте млади или стари, имате прекумерна тежина или сте фит, јогата има моќ да го смири умот и да го зајакне телото. Не плашете се од јога терминологија и комплицирани пози. Јогата е за секого.
Верувам дека сте спремни да оделите половина час за себе и за своето физичко и ментално здравје. Рздвижување на нашата мускулатура, смирување на духот и концентрација се бенефит потребен за секој еден од нас. “Your body is your temple” па верувам дека секој од нас се сака себе си доволно за да почне да размислува поинаку и вистински да се грижи за себе. Следете не секоја недела и контактирајте не на оваа тема. Нашиот стручен соработник Ана Симоновска со задоволсво ќе ви одговори на сите прашања.
Напишете коментар