Многумина милуваат да речат дека не го слават Св.Валентин со образложение дека е католички празник туку го слават Св.Трифун како православен празник. Факт е дека сите ние му даваме важност на овој ден особено оние кои штотуку се во врска и сакаат да дадат внимание. Како и да е сите ние на еден или друг начин со воодушевување купуваме и подаруваме на саканиот/та цвеќе, чоколади, срценца па и црвено вино. Изборот е секогаш индивидуален. Празникот на винарите, на виното, од страна на љубителите на овој пијалок на боговите секоја година завзема видно внимание.

По народните верувања на денешен ден Св.Трифун забодува факел вземја и почнуваат да се топат снеговите. За жал сведоци сме дека кај нас почнаа интензивни врнежи од снег спротивно на верувањата. Приказната за Св. Трифун е дека тој е чувар и заштитник на лозјата и овошките па според народните обичаи верувањето е дека ова е ден кога лозарите одат да ги закројуваат лозјата како би имале благослов од светецот кој ќе помогне грозјето да биде благо, а домовите ќе имаа полни бочви со вино. Се зема благослов за породот со попрскување со света вода на лозовите гранчиња за да се спасат од разни болести, штетници и од невреме.

Да споменам дека секогаш кога се зборува за вино се споменува и Дионис како грчки бог на гроздобер, производство на вино, на плодност, овоштарници и овошје, вегетација, ритуално лудило, верска екстаза, свеченост и театар во античката грчка религија и митологија.

Сите ние кои сме љубители на чашка црвено вино денеска е денот да си ја направиме својата вино терапија како третман за ослободување од негативни влијанија, опуштање и уживанција.
Кога е во прашање понежниот пол се смета дека виното содржи голем број на корисни состојки и со своите деривати се користи во природната медицина каде лекува, подмладува, разубавува, ја подобрува циркулацијата, помага во отстранување на целулитот и слабеење.

Како и да е, честит именден на сите Трифуновци, а за останатите чашка црвено вино со емоција и љубов па секој ќе си одбере дали е само за вино или комбинација од едниот и другиот празник.
За вашите размислувања секогаш можете да ни пишете и да споделите на овој блог некои позитивни моменти како мотивација за сите наши читатели.
Напишете коментар