Вежби на столче за долниот дел од телото

категорија: Јога | 0

Почитувани следбеници верувам дека сте спремни ова утро заедно да се раздвижиме со вториот сет јога вежби на столче за долниот дел од телото. Дваесеттина минути се добредојдени на секој од нас за да си ги посвети себе си, со цел да си ја подобриме својата циркулација, еластичност и да го разбудиме сопственото тело. Мислам дека ова размрдување ќе ни дојде одлично пред да започнеме со работниот ден. За оние кои не се во можност да вежбаат наутро ова може да го направат во првиот слободен момент кога ќе посакаат. Секако доколку имате дилеми, прашања или било каков коментар можете да ни пишете, а ние ќе се потрудиме да ви помогнеме давајќи ви адекватни совети на оваа тема. Можеме да вежбаме и уживаме во исто време. Ана е тука и ајде да започнеме.

Вториот дел вежби на столче го таргетираат долниот дел од телото. Слично како во сплетот наменет за торзото и горните екстремитети, вклучени се вежби од првата Паванмуктасана серија од Бихар школата за јога.

Раздвижени зглобови, зајакнати мускули

Станува збор за едноставни движења кои имаат за цел, пред сѐ, да ги раздвижат зглобовите во колковите, колената и стапалата, како и нежно да ги растегнат и зајакнат мускулите во овие делови од телото. Воедно и рбетот добива можност да се движи во речиси сите насоки, а јадрото станува силно.

This image has an empty alt attribute; its file name is Picture-3.png

Вежби за рамнотежа и координација

Вклучени се и вежби во стоечка положба кои имаат потенцијал да ја подобрат рамнотежата и координацијата, како и на поинаков начин да го поддржат постигнувањето на оптималниот опсег на движењата и зајакнувањето на мускулите во нозете, бутовите, колковите…

This image has an empty alt attribute; its file name is Picture-4.png

Внимателно со столчето

При изведувањето на вежбите, без разлика дали седиме или стоиме, столчето ни користи како помагало. Бидете сигурни дека е стабилно поставено на солидна подлога и дека не може да се лизне.

This image has an empty alt attribute; its file name is Picture-5.png

Општи насоки

Бидете внимателни, почитувајте го и слушајте го вашето тело. Без брзање и нежно. Работете ги вежбите во дадениот редослед, колку можете толку. Постепено, како што ќе зајакнувате, ќе можете сѐ повеќе. Концентрација, длабоко и рамномерно дишење, свесно движење – сите овие компоненти ни се потребни за да ги почувствуваме позитивните ефекти на вежбите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *